
Вања Мицевска
По завршувањето на студиите на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, Вања Мицевска ја почнува својата новинарска кариера во радио Канал 77. Работела како водител на забавна програма, но и репортер од терен известувајќи од разни општествено-политички случувања како протести, изборни циклуси и тн. Паралелно, од 2020-та година била дел од Македонски медиа сервис (ММС МК) каде се потпишува како автор на низа анализи и наративни приказни, пред сè од областа на здравството и социјалната политика. Од декември 2024 година е дел од тимот на Радио Слободна Европа во Скопје.