Достапни линкови

За нас

За нас

Радио Слободна Европа на македонски јазик е дел од Radio Free Europe/Radio Liberty, независна медиумска компанија, која добива грант од американскиот Конгрес преку Бордот на гувернери за медиуми (BBG). RFE/RL е должна, според американскиот закон, да обезбеди објективно и професионално новинарство, засновано врз факти. На американските владини претставници, вклучувајќи го и извршниот директор на Бордот на гувернери, им е забрането да се мешаат или влијаат врз вестите на Радио Слободна Европа.

Нашата мисија

Мисијата на РСЕ/РЛ е да промовира демократски вредности и институции и да ги унапредува човековите права со известување и вести во земји каде што слободното новинарство е попречувано од владата или не е целосно воспоставено. Новинарите на РСЕ/РЛ го обезбедуваат она што многу луѓе не можат да го добијат локално: нецензурирани вести и отворена дебата. РСЕ/РЛ се обидува да ги исполни највисоките стандарди на објективно новинарство и да известува за фактите, недопрени од притисок или од обиди за влијание.​

За нас
Сите новинари и соработници на Радио Слободна Европа мора да ги почитуваат следните принципи:

Точност

Новинарите на Радио Слободна Европа ќе направат се што е во нивна моќ да осигураат дека сите објавени информации се фактички точни. Кога постои сомнеж или контроверзност за значајни факти, информациите мора да се засноваат на најмалку два независни извори. Фактичките грешки ќе бидат исправени во најкраток можен рок.

Независност

Информациите ќе бидат презентирани врз база на фактички контекст што го подобрува разбирањето за настаните и прашањата и овозможува јасност без дисторзија и пристрасност. Новинарите ќе ги презентираат спротиставените и конфликтни ставови на балансиран начин за сите прашања. Кога групи или индивидуалци чии што ставови се важни за балансираност во програмата одбиваат да дадат коментар, тоа ќе биде објавено во програмата.

Анализи, Коментари и Мислења

Сите прилози треба да содржат елементи на информации за позадината и објаснување за да и помогнат на јавноста подобро да ја разбере значајноста и последиците од информациите. Новинарите не смеат да вметнуваат лични мислења или оценки во фактички извештаи. Коментари може да се пишуваат од вработените само во исклучителни ситуации само со одобрение на програмскиот Директор.

Одбегнување на поддршка

Радио Слободна Европа поддржува демократија и човекови права кои се заеднички за демократските држави. Радио Слободна Европа ги поддржува правата на сите луѓе на самоопределување како што е наведено во Хелсиншкиот Финален Акт на Конференцијата за Безбедност и Соработка во Европа. Како и да е, извештаите не треба да поддржуваат сепаратистички или сецесионистички барања.

Етичко однесување

Вработените во Радио Слободна Европа како и соработниците мора да се придржуваат до највисоките етички стандарди во своето однесување, особено да одбегнуваат конфликт на интереси, како и да одбегнуваат поврзаност со индивидуалци, групи со политички или комерцијални интереси во и надвор од зоната на емитување. Вработените и соработниците во Радио Слободна Европа не треба да го злоупотребуваат нивниот статус на јавни личности или добрата репутација на Радио Слободна Европа за промоција на лични интереси.

XS
SM
MD
LG