Дури и во време кога повеќето игри од „старата школа“ имаат дигитална верзија, некои сепак сакаат да ги играат во живо. За да ги врати младите кон подзаборавените навики, Универзитетското студентско собрание на УКИМ организира натпревар во брза географија, шах, рубикова коцка и јамб.
Мизар во 80-тите, Суперхикс во 90- тите а најмладата Дина Јашари пред само три години. Овие три генерации артисти едни од првите чекори на музичката сцена ги направиле во Младинскиот културен центар Скопје. За дел од нив МКЦ е последниот урбан бастион во Скопје
Првата седмица во Скопје е најтешка за студентите од внатрешноста кои се запознаваат со јавниот скопски превоз и големината на градот. Во неодамна организирана дискусија дел од студентите забележаа и дека има дискриминација од колегите, иако не е директна.
Додека експертите предупредуваат дека над 1 милијарда млади на возраст од 12 до 35 години ризикуваат да го загубат слухот поради продолжена и прекумерна изложеност на гласна музика, младите најчесто притискаат „ок“ ако уредот на кој слушаат на слушалки ги извести дека музиката е прегласна
Домашни и странски уметници од девет европски земји се обединија во изложбата „Сè што ни е заедничко“, поставена во Музејот на современа уметност во Скопје, во партнерство со Европско номадско биенале за современа уметност – Манифеста.
Истражување за медиумските навики на децата во Босна и Херцеговина покажува дека децата во просек поминуваат речиси три часа дневно со мобилен телефон, телевизор и компјутер. Експертите предупредуваат дека времето поминато пред екраните се зголемува и негативно влијае на развојот на децата.
Трендот на социјалните мрежи наречен „синдром на среќна девојка“ го следат и Македонките. А има и такви кои и без популарниот хаштаг бираат позитивна страна. Експертите се согласуваат дека позитивната психологија има свoи позитивни страни, но ги посочуваат и негативните.
Младата македонска актерка Сара Климоска вели дека од местото каде живееш зависи до каде ќе стигнеш професионално. Таа забележува дека наградата за една од најдобрите актерски таленти во подем во Европа ѝ отворила доста кастинзи, но ништо особено, бидејќи поинаку е кога си од Балканот
Зошто да трошам часови на пишување есеј или семинарска ако робот може да ја напише за мене за помалку од половина минута? Според младите со кои разговаравме, вака размислуваат дел од средношколците и студентите во Македонија откако дознале за алатката за вештачка интелигенција ChatGPT
Според замислата, во метаверзумот ќе можете да правите многу работи - одење на виртуелен концерт, патување преку Интернет, купување или пробување дигитална облека... Подготвил: Емил Златков
Актерите во земјава велат дека постојано расте бројот на невработени во нивната фела. Невработена е и Сара Климоска, иако е една од најангажираните актерки. Некои од младите актери веќе и не се ни надеваат на вработување во некој од театрите, па сосема се насочуваат кон независната сцена.
По долго патување од родниот Киев до повеќе локации низ Европа, 31-годишната украинската видео блогерка Јанина Злебова се засолни во Скопје. Тука е веќе три месеци, но не го заборавила звукот на бомбите дома.
Вчитај повеќе