Дел од тинејџерите следат трендови на држење опасни диети. Лекарите и нутриционистите забележале дека најчесто девојчиња на возраст од 13 до 17 години држат импровизирани диети за да ослабнат преку ноќ, а некои завршуваат со булимија и анорексија, па дури и со сериозни заболувања на црниот дроб.