Домашни и странски уметници од девет европски земји се обединија во изложбата „Сè што ни е заедничко“, поставена во Музејот на современа уметност во Скопје, во партнерство со Европско номадско биенале за современа уметност – Манифеста.
Истражување за медиумските навики на децата во Босна и Херцеговина покажува дека децата во просек поминуваат речиси три часа дневно со мобилен телефон, телевизор и компјутер. Експертите предупредуваат дека времето поминато пред екраните се зголемува и негативно влијае на развојот на децата.
Трендот на социјалните мрежи наречен „синдром на среќна девојка“ го следат и Македонките. А има и такви кои и без популарниот хаштаг бираат позитивна страна. Експертите се согласуваат дека позитивната психологија има свoи позитивни страни, но ги посочуваат и негативните.
Младата македонска актерка Сара Климоска вели дека од местото каде живееш зависи до каде ќе стигнеш професионално. Таа забележува дека наградата за една од најдобрите актерски таленти во подем во Европа ѝ отворила доста кастинзи, но ништо особено, бидејќи поинаку е кога си од Балканот
Зошто да трошам часови на пишување есеј или семинарска ако робот може да ја напише за мене за помалку од половина минута? Според младите со кои разговаравме, вака размислуваат дел од средношколците и студентите во Македонија откако дознале за алатката за вештачка интелигенција ChatGPT
Според замислата, во метаверзумот ќе можете да правите многу работи - одење на виртуелен концерт, патување преку Интернет, купување или пробување дигитална облека... Подготвил: Емил Златков
Актерите во земјава велат дека постојано расте бројот на невработени во нивната фела. Невработена е и Сара Климоска, иако е една од најангажираните актерки. Некои од младите актери веќе и не се ни надеваат на вработување во некој од театрите, па сосема се насочуваат кон независната сцена.
По долго патување од родниот Киев до повеќе локации низ Европа, 31-годишната украинската видео блогерка Јанина Злебова се засолни во Скопје. Тука е веќе три месеци, но не го заборавила звукот на бомбите дома.
Дел од тинејџерите следат трендови на држење опасни диети. Лекарите и нутриционистите забележале дека најчесто девојчиња на возраст од 13 до 17 години држат импровизирани диети за да ослабнат преку ноќ, а некои завршуваат со булимија и анорексија, па дури и со сериозни заболувања на црниот дроб.
Три примероци јаболка- од пазар, продавница и од детската ужинка, ги однесовме во лабораторија за да видиме колку пестициди има во нив. Има една добра и една лоша вест.
Шеснаесет млади актери добија задача и шанса да раскажат приказна за урбаниот скопски живот од деведесеттите до денес, во мјузиклот „Архангелот над Скопје“, режиран од Наташа Поплавска, а направен на музиката на бендот „Архангел“, создадена од музичарот Ристо Вртев.
Младата пејачка Тамара Волческа која медиумите ја нарекоа македонската Били Ајлиш поради сличностите со светски славната пејачка, неодамна ја напушти македонската армија за, како што вели, целосно да ѝ се посвети на музичката кариера.
Вчитај повеќе