Има повеќе симптоми кои може да укажуваат на депресија кај младиот човек, а некои се и атипични. Ако се појават минимум пет и траат подолго од две седмици, треба да се вклучи алармот, посочуваат експерите. Според истражувањето на „Мозаик Меик“ речиси 50 % од средношколците биле анксиозни.
Пензионираната професорка Мимоза Костоска е една од оние кои волонтерски дежураат на телефонот „Ало Бушавко“ за да ги слушаат 24/7 младите и децата и се обидуваат да им помогнат. Бараат помош, но најчесто некој да ги сослуша затоа што се тажни, фрустрирани или исплашени.
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Македонското лекарско друштво, ги посетија младите во студентските домови во Скопје за да ги едуцираат на тема сексуално и репродуктивно здравје.
Развојот на вештачката интелигенција отвора нови опции. За некои ова е страшно, а за други нормално и потребно. Од младите побаравме став за тоа како развојот на технологијата ќе влијае врз нив, а од експертите - како да се извлече корисното.
Во болниците, на модните писти, на улиците... Вештачката интелигенција е насекаде. Присутна е дури и онаму каде не сме ни свесни дека ја има, како што вели еден од младите кои пред камерата на РСЕ коментираа како развoјот на вештачката интелигенција ќе влијае врз животот на младите.
Дури и во време кога повеќето игри од „старата школа“ имаат дигитална верзија, некои сепак сакаат да ги играат во живо. За да ги врати младите кон подзаборавените навики, Универзитетското студентско собрание на УКИМ организира натпревар во брза географија, шах, рубикова коцка и јамб.
Мизар во 80-тите, Суперхикс во 90- тите а најмладата Дина Јашари пред само три години. Овие три генерации артисти едни од првите чекори на музичката сцена ги направиле во Младинскиот културен центар Скопје. За дел од нив МКЦ е последниот урбан бастион во Скопје
Првата седмица во Скопје е најтешка за студентите од внатрешноста кои се запознаваат со јавниот скопски превоз и големината на градот. Во неодамна организирана дискусија дел од студентите забележаа и дека има дискриминација од колегите, иако не е директна.
Додека експертите предупредуваат дека над 1 милијарда млади на возраст од 12 до 35 години ризикуваат да го загубат слухот поради продолжена и прекумерна изложеност на гласна музика, младите најчесто притискаат „ок“ ако уредот на кој слушаат на слушалки ги извести дека музиката е прегласна
Домашни и странски уметници од девет европски земји се обединија во изложбата „Сè што ни е заедничко“, поставена во Музејот на современа уметност во Скопје, во партнерство со Европско номадско биенале за современа уметност – Манифеста.
Истражување за медиумските навики на децата во Босна и Херцеговина покажува дека децата во просек поминуваат речиси три часа дневно со мобилен телефон, телевизор и компјутер. Експертите предупредуваат дека времето поминато пред екраните се зголемува и негативно влијае на развојот на децата.
Трендот на социјалните мрежи наречен „синдром на среќна девојка“ го следат и Македонките. А има и такви кои и без популарниот хаштаг бираат позитивна страна. Експертите се согласуваат дека позитивната психологија има свoи позитивни страни, но ги посочуваат и негативните.
Вчитај повеќе