Со безжична слушалка, од тајни ливчиња, од скриен телефон или од етикета на шише, се дел од начините на кои препишуваат средношколците. Професорите велат дека методите се сѐ понапредни, но и дека не може цел живот да бидат препишувачи и шверцери и дека некогаш ќе треба своето знаење да го покажат.