Знаат ли младите зошто се слави 8-ми Март?
Корените на Националниот ден на жената се поврзуваат со штрајкот на конфекциските работнички, одржан во Њујорк, во 1908-ма година. Тогаш жените протестираа за подобри услови за работа. Акциите потоа прераснуваат во движење. 8-ми Март како Интернационален ден на жената е официјално признаен од Обединетите нации во 1977-ма година. Роза Луксембург и Клара Цеткин важат за едни од основоположничките на идејата за борба за женските права и родовата рамноправност. Иако за нив би требало да се учи уште во основно, на средношколците кои ги сретнавме во центарот на Скопје овие две имиња не им значат ништо.