Правата на жената во Македонија понекогаш се повеќе на хартија, отколку што се спроведуваат во реалноста. Во секојдневниот живот има примери на задомаќинети однесувања кои неа ја ставаат во подредена положба. Ова го вели Наталија Трајковска, постдипломец на Правниот факултет во Битола, која за трудот со долг наслов „Бебе, девојче, сестра, девојка, госпоѓица, жена, госпоѓа, мајка, баба, старица„ едобитник на годинешната награда за најдобар студентски есеј на Битолскиот Универзитет.
Како што напишав во есејот, преку глава ми е изјави од типот „таа е жена не знае да вози“ или како старата македонска поговорка дека кога ќе се роди женско и стреите плачат, а кога е се раѓаат машки татковците слават три дена, пиејќи зашто им се родил син“, вели Трајковска.Наталија Трајковска, постдипломец на Правниот факултет во Битола.
„Темата е малку феминистичка. Но, според мене не постои феминизам, туку грешно се пренесува во јавноста. Јас она што го барам или сакам да се одвива во иднина е сите да имаме еднакви можности. Како што напишав во есејот, преку глава ми е изјави од типот „таа е жена не знае да вози“ или како старата македонска поговорка дека кога ќе се роди женско и стреите плачат, а кога е се раѓаат машки татковците слават три дена, пиејќи зашто им се родил син“, вели Трајковска.
Таа прави компарација на односот кон припадничките на понежниот пол во земјава и оние на Блискиот Исток.
„Генерално кога го пишував есејот црпев инспирација и од Блискиот Исток. Не можам уште да ги сфатам земјите во кои девојче не може да оди на училиште или жена не може да излезе на улица без придружба на маж. Меѓутоа во Македонија до некаде сме рамноправни. Во есејот имам напишано дека таа рамноправност е некако повеќе на хартија. Многу често се случува женскиот пол да се соочува со предрасуди и задевања“, додава наградената студентка.
Три години со ред ја понесува наградата за најдобар есеј. Деновиве ќе ја објави својата прва книга „Таа“, која содржи правни согледувања за позицијата на жената во општеството. Веќе ја има и втората книга во ракопис. Но, признава дека нема спонзори за печатење.
„Да си признам јавно дека е многу тешко да се биде млад автор во Македонија и да издаде книга. Морам да ги искритикувам и фирмите зашто се слабо заинтересирани да помогнат на млад автор да се истакне и да го покаже она што може да го напише.“
Желба на Трајковска е да стане јавен обвинител и во иднина да придонесе за поголеми женски права.
„Детски сон ми е да станам јавен обвинител, иако ситуацијата во нашата држава доколку не си од познати родители или не си со некое минато, правничко, адвокатски или нотарско е многу тешко да се успее. Но, јас ќе продолжам да се трудам. Мислам дека треба да се направат промени во Законот за работничките права. Има многу уште да се работи посебно за правата на жените кои работат во текстилни фабрики, индустриски погони, за трудниците, боледувањата и слично“, вели амбициозната студентка.