„Црно Собрание“ во подрумот на Никола Карев
Шестмина средношколци од скопската гимназија „Никола Карев“ ги обединува името на училишниот бенд „Црно Собрание“ и музиката како пасија број еден. Во пробувалната која е дел од организацијата „Art house Karev“ со часови се подготвуваат за настапи и работат на авторски песни. За оваа екипа, освен дома, веќе се слуша и надвор од нашите граници. Од професорката по музичка култура, Емилија Ристановска, тие добиваат насоки и поддршка за приказната да расте и да трае.