Основецот Максим од Скопје: Ме задеваат за косата, а не знаат дека ја пуштам за децата болни од рак
Деветгодишниот Максим Каески веќе неколку години пушта коса. Бидејќи му се допаѓа да е долга како на некои од неговите идоли, но, уште поважно - за кога ќе порасне доволно долга да ја скрати и донира за перика за дете болно од рак. Вели дека татко му го советувал како да им одговара на оние што го задеваат за изгледот и му го покажуваат патот до женскиот тоалет во училиштето. Сака музика, фудбал и сѐ поврзано со вселената, а се надева дека неговиот пример за донација ќе го следат и други деца. Уште неколку сантиметри па ќе закаже термин на фризер, a потоа би ги повторил целиот процес.