Достапни линкови

Сообраќаен хаос во Скопје


Предизборно, Градот асфалтира улици низ Скопје. Граѓаните се жалат на сообраќајниот хаос кој делумно се создава бидејќи реконструкциите не се најавуваат претходно.

Очекувањата работата на реконструкцијата на улиците да заврши во деновите од викендот како што најавуваше градот не се исполнија, а нема најава уште колку ќе трае асфалтирањето. Последните објаснувања беа дека дождот влијаел врз акцијата, а предвидувањата беа дека обновувањето на улиците ќе трае до вторникот. Но, скопјани и натаму се
Утринава беше хаос, мислам дека не е во ред, требаше Градот навремено да информира кои улици ќе бидат
затворени.
задржуваат подолго од вообичаено на улиците, зашто забраната за возење на дел од нив стапува на сила без претходна најава. Луѓето оценуваат дека тоа не е сериозен пристап од Градот што предизборно се зафати со акцијата:

„Утринава беше хаос, мислам дека не е во ред, требаше Градот навремено да информира кои улици ќе бидат затворени за да си знаат луѓето и да бараат поинаков пат.“

„По тротоари се качуваме, патници се брзаат, доцнат на работа. Една случка утринава ми се случи, 40 минути возев од Аеродром до Државна болница. Болен човек, 40 минути, не оди. Сите улици беа затворени, морав да одам по споредни улички, да се снаоѓам.“

„Во тек на сообраќајниот шпиц, не оди. Ова требаше да се прави порано.“
40 минути возев од Аеродром до Државна болница. Болен човек, 40 минути, не оди. Сите улици беа затворени.

Но, ни овие изјави на луѓето како никого да не загрижуваат. Во Градот кој реши истовремено да ги поднови највиталните улици во акцијата што трае два месеци, велат дека работат според план, но не објаснуваат како им се случува пример како последниот во центарот на градот, да се асфалтира улица и по двапати зашто поради пропусти асфалтирањето излезе од контрола.

Дел од аргументите на градот се дека дождот, но и трпението на возачите влијаеле врз акцијата. Луѓето не може да се изначудат. Како проблемот на метеж на улиците главно да е предизвикан од постапките на граѓаните:

Затворени сообраќајници во Скопје

„Барем да информираат ден-два порано и етапно да се работи, а не во радиус од 500 метри да се прават три улици. Значи, околу нема ниту една улица слободна за да може да се одвива сообраќајот. Од Аеродром за да одиш до Ѓорче Петров треба преку Топанско поле да одиш, а за Кисела Вода, преку Водно, Пржино, па да се спуштиш до Козле.“

„Ние како возачи си трпиме, народот исто се буни, ама тоа е тоа, навикнати сме веќе.“
Барем да информираат ден-два порано и етапно да се работи, а не во радиус од 500 метри да се прават три улици. Значи, околу нема ниту една улица слободна за да може да се одвива сообраќајот.

„Прекршоци еден куп, колку сакате. Сепак мора смиреност, мора да се воздржиме да се направат улиците, тоа е... а и добро е што се прават нели.“

Проблемот со улиците во Скопје речиси хроничен. Пред секои избори свечено се пуштаат во употреба по некоја реконструирана улица. Ова се покажува како привремено решение, зашто за кусо време им се враќа стариот изглед. Особено има примери на непрегледни улици со дупки во населбите надвор од центарот на градот.

„Не живеат само овие во Центарот, живеат и тие на страна. А мене ако ме прашувате секој месец би правел избори за да се прави ова.“

„Нормално дека се е пред избори. Ти тропаат на врата, еве ти ова, еве ти она. Кај мене поени носи визијата, што ќе направат, како ќе направат и тоа, а поединци дали ќе ми донесе кафе или пенкалце, тоа не, тоа не носи поени.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG