Додека се гради ќе биде метеж, но кога ќе се изгради ќе биде добро за сите. Со ваква кампања град Скопје започна со реконструкција на 11 улици во градското централно подрачје, која ќе чини околу 280 милиони денари. Багери, булодожери, миксери и ваљаци станаа секојдневна појава на улиците низ градот, а деловите каде што се вршат градежните работи се затворени за собраќај. Граѓаните нервозно велат дека треба да се средува ликот на градот, но не треба да се работи во најфрекфентниот период и со тоа да се создава хаос во движењето по улиците.
„Јас и по струка сум градежник, но вакви работи никаде не се случуваат. Во цел свет, ова само кај нас го има.“
„Убаво е да се среди, да се направи, да заличи градот, ама треба да се работи кога ќе се смири сообраќајот.“
Таксистите, пак, се жалат дека метежот поради поправката на улиците им влијае врз бизнисот и им создава проблеми со клиентите.
„Нервозни се патниците.“
„Само една улица да се затвори и доволно е за гужва. Треба навечер да се работи кога нема толкава гужва, инаку со ваква фрекфенција е ужас.“
Кампањата за реконструкција, минувачите и таксистите ја поврзуваат со предвремените избори, бидејќи одеднаш за краток период се работи на средување на сите улици.
„Тоа е поврзано со изборите. Очигледно е. Не се работело пет години, колку е власта на власт, и сега се почна.“
„Сега изборите и се се прави само да се добијат гласови.“
„Секогаш пред избори се работи.“
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на стартот на реконструкцијата на улиците изјави дека на проектот не треба да се гледа како на предизборна кампања, бидејќи тоа се работи на локалната самоуправа. Зошто тогаш е избран баш периодот пред изборите? Според Трајановски, подобро било сега, бидејќи имале лошо искуство со реконструкцијата во летниот период.
Јас и по струка сум градежник, но вакви работи никаде не се случуваат. Во цел свет, ова само кај нас
го има.
„Јас и по струка сум градежник, но вакви работи никаде не се случуваат. Во цел свет, ова само кај нас го има.“
„Убаво е да се среди, да се направи, да заличи градот, ама треба да се работи кога ќе се смири сообраќајот.“
Таксистите, пак, се жалат дека метежот поради поправката на улиците им влијае врз бизнисот и им создава проблеми со клиентите.
„Нервозни се патниците.“
„Само една улица да се затвори и доволно е за гужва. Треба навечер да се работи кога нема толкава гужва, инаку со ваква фрекфенција е ужас.“
Тоа е поврзано со изборите. Очигледно е. Не се работело пет години, колку е власта на власт, и сега
се почна.