Достапни линкови

Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар


Macedonia,Mayor of Center in the capital Skopje,Vladimir Todorovic
Macedonia,Mayor of Center in the capital Skopje,Vladimir Todorovic

Секако дека ние одлуката на Уставниот суд ќе ја почитуваме и тој план нема да биде на сила, односно по него нема да поставуваме.

Кои се наредните чекори и мерки што ќе ги преземе општината по укинувањето на Деталниот урбанистички план ,,Мал ринг" од страна на Уставниот суд?

Некои медиуми ја пренесоа веста дека во Скопје сите овие градби ќе застанат. Тоа не е добро за јавноста, односно погрешно се наметнува еден амбиент дека со укинувањето на последниот ДУП од страна на Уставниот суд ќе застанат сите градби. Значи многу јасно треба да биде пренесено до јавноста дека последниот ДУП предвиде дополнение на неколку катни гаражи, на Триумфалната капија, на неколку споменика, така што за сите овие што се предмет во новиот ДУП кој е поништен не е издадено одобрение за градба и тука нема никаква штета. Секако дека ние одлуката ќе ја почитуваме и тој план нема да биде на сила, односно по него нема да поставуваме. Дали, а мислам дека тоа ќе се случи во една редовна постапка ние ќе иницираме донесување на еден нов план, укинувањето се должеше на тоа дека во скратена постапка беше донесен планот. Скратената постапка се однесува само на еден многу мал чекор кој е исфрелен од целата постапка, која содржи четири главни чекори и скратената постапка предвидуваше еден мал чекор да не постои. Заради тоа, а бидејќи и примената на скратената постапка беше до Нова година, а овој план се донесе веднаш по Нова година, ние ако го донесевме пред Нова година тој ќе си беше валиден, но негова аномалија е што тој е донесе по Нова година, кога веќе не постоеше донесување на планови по скратена постапка и заради тоа и е поништен и затоа ќе го почитуваме, нема да постапуваме по него, тој план за нас веќе не постои, ќе ја добиеме одлуката од Уставниот суд, сеуште не сме ја добиле, таа ќе си излезе и во Службен весник и нормално ние ќе се придржуваме кон тоа. Во една редовна постапка се надевам дека расположението на советниците во Советот е исто, има и став на овој план и мислам дека ќе се донесе во редовна постапка тој план.

Министерката за култура најави дека ќе продолжи со подготовките за градење на Триумфална капија која беше спорна со тоа е споменато дека намената не и била прецизирана во ДУП-от, и со новите измени е прецизирана и со тоа е спорна и Уставниот суд вели дека треба да се прекине, воедно започнати се и градежни работи за двете фонтани што ќе бидат поставени на двете страни од Камениот мост?

Тие не се на удар со поништувањето на планот, тие постоеа во претходниот план. Значи, двете фонтани постоеа во претходниот план и имаа одобрени за градба.

Уставниот суд вели дека со тоа што се споменати во измените значи дека треба да се прекине со градба додека да се отстранат нeрегуларностите, затоа што и Триумфалната капија е спомената со новите измени од јануари годинава, како и фонтаните кои исто така се споменати. Во Уставниот суд се децидни дека треба да се прекине со градба затоа што нивната намена е непрецизирана, односно сега е прецизирана и стануваат спорни, па зошто ќе се продолжи да се гради?

Сепак јас би почекал да ја добиеме и писмено одлуката, ја очеуваме таа одлука на Уставниот суд, за да можелме по прецизно да постапуваме. Јас мислам дека фонтаните во реката Вардар дека не се на удар со поништувањето на последниот план ,,Мал ринг".

Дали би го подариле споменикот на Александар Македонски на Атина или на Солун како знак на добра воља и пријателство со оглед на тоа што т.н. антиквизација е една од главните причини за заострувањето на односите со Грција?

Па незнам дали сте го чуле ова, еднаш јас на шега ова го имам кажано, но факт е дека Грците немаат намера да ни го дадат нам природното право на самоопределување, кој сме и што сме. Значи, доколку тие дозволат да ние бидеме Македонци, што всушност сме Македонци, без Северна или Горна, Долна и се да си биде Македонско со сите тие придавки што ни припаѓаат, тогаш може како гест на добра воља и ова да се случи.

Споменикот на среде плоштад ќе биде на Александар Македонски?

Да, на Александар Македонски.

Затоа што досега никаде не е точно дефинирано тоа?


Па, добро во работна верзија во тендерите, можеби кај уметникот како работна верзија на објектот тоа беше ,,Коњаник" тоа е воин на коњ, односно кратко кажано тоа е ,,Коњаник" така изгледа споменикот, зошто може да имате скулптура на Александар Македонски во некоја слободна своја поза, што не е на коњ, што може да е во движење. Од тие причини јавноста некогаш сака да помисли дека нешто би се затскрило, инаку тоа е споменикот на Александар Македонски.

Зошто спомениците се приоритет со оглед на тоа дека дел од граѓаните во определени јавни анкети во општината постојат и друг вид на комунални проблеми што ги мачат?

Значи, воопшто од буџетот на општината не се трошат пари за спомениците, тоа е многу важно. Буџетот на општината се троши исклучиво на комуналните проблеми на граѓаните во општина Центар, средства од кои што се финансираат спомениците се од Министерството за култура, односно од Владата, која во своја програма има поставено ваков свој приоритет за изградба на споменици, и тие средства ни се префрлуваат нас, бидејќи таков е законот. Што значи дека кога Владата сака да реализира некој споменик ќе мора тоа да го направи преку локалната самоуправа на чија територија треба да биде поставен споменикот, ако тоа треба да биде Охрид, исто владата нема да може сама без локалната самоуправа на Охрид, ќе мора нејзе да и ги препушти парите и таа во договор со Владата да распише конкурс за изградба на пример на Св. Наум итн.

Генералниот директор на МЕПСО Владимир Здравев е потпретседател на Советот на општина Центар, директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор Владимир Бахчовановски е претседател на Комисијата за урбанизам и просторно планирање на општината Центар. И двајцата се на одговорни функции па какотоа влијае врз нивната работа и обврските во општината?

Па, подобро нив да ги прашате, јас се надевам дека успешно си ги завршуваат редовните обврски на местата на кои што се поставени, така што работата во Советот не е доминантно временски, не им ги одзема нивното време што би им пречело во раководењето и менаџирањето на двете институции што ги споменавте. Некој тоа го спомена како судир на интереси ми се чини, но и тука јас негледам некој судир на интереси за тоа како би можеле тие како член или претседател на Совет, да за себе произведе интерес кога истовремено се наоѓа на позиција директор на МЕПСО или Јавното претпријатие за уредување на град Скопје.

Колку одлуката на Владата за префрлување на надлежноста за неизграденото државно земјиште врз општините ќе помогне или ќе придонесе општината да привлече поголем број странски инвестиции, односно да го забрза економскиот развој?

Значи неможам да кажам во значителен, но сигурно во еден дел ќе го забрза економскиот развој на општините и секако и на општина Центар, затоа што инвеститорите некако очекуваат директно со локалната самоуправа да разговаат за нивните инвестиции. Значи ако дојдат денеска инвеститори и посочуваат на некое земјите каде што може да се изгради хотел да речеме, ние ги упатуваме до Министерството за транспорт и врски со писмо на намери дека имаме заинтересирани страни, тие го разгледуваат тоа писмо па го ставаат во процедура, па објавуваат тендери итн. Сепак јас мислам дека така е и во светот, локалната самоуправа да располага со земјиштето, да го менаџира, и во интерес на граѓаните и во интерес на развој на општината. Сепак локалната самоуправа си ги знае своите интереси и во кој правец треба да се развива.

Дали зголемувањето на комуникацијата помеѓу инвесторите, локалната самоуправа и министерството, ги одвлекува инвеститорите на некој начин?

Точно на некој начин е така, се зголемуваат комуникациите, се зголемува динамиката на подготвителните работи, тие не се учени толку долго во подготвителните работи да им помине времето, очекуваат тие да траат многу пократко за да дојде до моментот на реализација на нивната идеа.

Г-дине Тодоровиќ измина една година откако ја презедовте функцијата градоначалник на општина Центар, што е направено досега во општината ако ги исклучиме монументите во и околу плоштадот?

Ако ги исклучиме монументите на плоштадот се сведуваме на обврски на општината какви што има секоја друга општина, да се грижи за комуналната инфраструктура на својата територија, односно во изминатата година успеавме да асфалтираме некаде околу шест улици, со вкупна должина од 10 километри, отприлика во таа должина поставивме и атмосферска канализација која е неопходна, бидејќи во добар дел од општина Центар не постои атмосферска канализација и е проблем во услови на порој, а таа дождовна вода мора да се прибере што создава значителни проблеми, значи таа изградба е неопходна и ние продолжуваме да работиме. Воглавно е тоа, значи овие пет-шест улици што ги асфалтиравме, до крајот на годината имаме уште толку од прилика и се надеваме дека програмата во која ги ставивме обврските на општината по кој редослед ќе си ги решава комуналните проблеми ќе ја исполниме.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG