Достапни линкови

Во трката за профит страдаат работниците


Работник на скеле на музејот на ВМРО
Работник на скеле на музејот на ВМРО

Во последната недела двајца градежни работници загинаа на работното место. Според познавачите, во трката по профит работодавачите пробуваат да заштедат, па безбедноста на работниците е на последно место.

Загина работник на градилиштето на новиот музеј на ВМРО, падна од скеле. Загина работник во гостиварско, го затрупала земја додека работел на чистење на канал за поставување на канализациони цевки. Ова се дел од насловните теми на медиумите изминатава недела во која тројца работници загинаа.

Само од почетокот на годинава се загинати над 10 луѓе при извршување на работни задачи. Според податоците на Македонското здружение за заштита при работа, минатата година 44 луѓе загинале на работно место. Најголем дел од нив се градежници и земјоделци. Според нивните податоци, ситуацијата и во изминатите неколку годни не се подобри. Во 2008 година загинале 62 работници. Работниците кои работат на градилиштата во центарот на Скопје се плашат да зборуваат за безбедноста при работа.
Имате луѓе кои се неедуцирани. Значи, обичен вработен којшто најмалку размислува за безбедноста при работа. Имате работодавец преокупиран со тоа колкава треба да биде маргината на профитот и каде да најде нова работа. И имате државни органи, каде што имаме амалгам на изместени вредности.

„Може околу се друго да зборуваме, ама за тоа не сакаме воопшто да зборуваме.“

„Не, немојте да ме снимате.“

Граѓаните велат дека се ужаснати од последните информации на медиумите за смртните случаи на работниците.

„Лично не гледам некаква нивна безбедност, еве се случија два-три смртни случаи во изминативе три дена.“

„Ако биде контролата позасилена, безбедноста ќе биде поголема. Не би рекол дека се до толку безбедни.“

Претседателот на здружението за заштита при работа, Милан Петковски, вели дека проблемот лежи во недоволната свесност на работниците и работодавачите за заштитата при работа, недоволно вложување во оваа област и непочитување на правилата. Безбедноста и заштитата при работа се една од првите работи, при кои работодавачите, во трката за профит, се обидуваат да заштедат.


„Значи, ако вие фирмите ги донесете на одредено ниво да ги почитуваат правилата по кои треба да се гради, да се планира безбедноста при работа, тогаш вие во најголем дел сте ја завршиле работата, но доколку самите фирми го третираат ова како нешто ’страно‘ и зборуваат за заштитата при работа како еден вид трошок, кој на и онака слабата финансиска состојба само им носи дополнителни трошоци и не можат финансиски да преживеат, тогаш го имате токму ова.“
Имате луѓе кои се неедуцирани. Значи, обичен вработен којшто најмалку размислува за безбедноста при работа. Имате работодавец преокупиран со тоа колкава треба да биде маргината на профитот и каде да најде нова работа. И имате државни органи, каде што имаме амалгам на изместени вредности.

Нефункционалноста на системот допонително со себе носи жртви, вели Петковски:

„Имате луѓе кои се неедуцирани. Значи, обичен вработен, кој најмалку размислува за безбедноста при работа. Имате работодавач преокупиран со тоа колкава треба да биде маргината на профитот и каде да најде нова работа. И имате државни органи, каде што имаме амалгам на изместени вредности.“

Александар Митрев од Движењето за социјална правда „Ленка“ вели дека реткост е во Македонија да се види работник да носи целосна заштитна опрема кога работи.

„Не сум видел работници опремени во полна опрема како што ги гледаме во странство. Мислам дека во континуитет условите не се исполнуваат кај нас и мислам дека некој треба да притиска кон работодавците да ги исполнуваат тие услови, а тоа во случајов е Инспекторатот за труд.“

По последните случувања, организацијата „Ленка“ упати јавен повик до Државниот инспекторат за труд доследно да си ги извршува своите законски обврски и да ги казнува оние работодавачи, што ги кршат правата на своите вработени за заштита при работа и до Синдикатот за градежништво, во најскоро време да објави термин за едночасовен прекин на работата во сите градежни фирми во во знак на почит на работници кои неодамна загинаа, како и во знак на протест против кршењето на законските одредби кои се однесуваат на безбедноста при работа.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG