Достапни линкови

Забрзано се работи на „Скопје 2014“


Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во ноќна обиколка на скопските улици што се реконструираат.
Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во ноќна обиколка на скопските улици што се реконструираат.

Го забрзаа ли изборите работењето на градбите од „Скопје 2014“ и другите владини проекти? Градежните работници работат и ноќе.

Во Скопје забрзано се гради и реконструираа. На градбите од Скопје 2014-та и на коловозите, работниците работат деноноќно. За да нема застој, работите на улиците се одвиваат во фази, па се работи и во неколку смени. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски изјави дека од градежните фирми побарале да се работи забрзано, за да може што побрзо да се заврши. Но, од синдикатот за градежни работници при Сојузот на синдикати велат во
Дополнителното работење во ноќните смени во секторот градежништво апсолутно не смее да биде ниту тема на разговор, а не пак работниците да бидат доведени во една таква активност своите работни задачи да ги извршуваат во ноќните смени, тоа мора да биде дневно.
секторот градежништво се избегнува работа ноќе бидејќи постои висок ризик за повреди и смртни случаи.

„Така дополнителното работење во ноќните смени во секторот градежништво апсолутно не смее да биде ниту тема на разговор, а не, пак, работниците да бидат доведени во една таква активност своите работни задачи да ги извршуваат во ноќните смени, тоа мора да биде дневно. За нас како синдикат тоа е неприфатливо“, вели претседателот на Синдикатот на градежници, Павел Трендафилов.

Тој вели дека најголемиот проблем го прават подизведувачите кои вработуваат луѓе и не им ги почитуваат правата.

Работниците, пак, велат дека немаат многу избор, затоа што до работа тешко се доаѓа, па продолжуваат и тогаш кога знаат дека не им се почитуваат правата.

Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и премиерот Никола Груевски во ноќна обиколка на скопските улици што се реконструираат.

„Јас работам 50 саботи во неделата, тоа значи дека 14 месеци во годината работам, а таа има само 12 месеци.“

„Во оваа збрка, тешко дека ги знаат своите права, нема кој да ги информира доволно.“

„Па и да ги познаваш, можеш да ги оствариш своите права? Не можеш.“

Работењето во трета смена и прекувременото работење се плаќаат екстра, но тоа не е случај со сите градежни фирми, вели правниот експерт и познавач на правата на работниците, Драге Јовановски.
Јас работам 50 саботи во неделата, тоа значи дека 14 месеци во годината работам, а таа има само
12 месеци.

„Тоа се мали фирми кои немаат никакви акти, ниту, пак, го регулираат работењето ноќе, ниту воопшто имаат некаков документ што тоа го регулира. Се знае секаде во светот, па и кај нас во дел од колективните договори тоа е зголемено траење, значи ноќната работа се плаќа со 30 отсто повеќе од редовната.“

Иако, работниците можат и да се пожалат до Испекторатот за труд, сепак и тука е мала веројатноста дека некој ќе реагира со оглед на тоа дека се е под капата на Владата, коментира Јовановски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG