Достапни линкови

Работниците работат во лоши услови


Македонски бизнис - профитот пред здравјето на работниците?
Македонски бизнис - профитот пред здравјето на работниците?

Годишно во Македонија има околу 40 смртни случаи на работното место, а секојдневно некој работник се повредува, велат од македонското здружение за заштита при работа. Според нив, во една компанија најмалку се внимава на безбедноста и здравјето на работникот.

Работниците во Македонија, се уште работат во лоши услови, кои им ја загрозуваат нивната безбедност и здравје, велат експертите. Деновиве, двајца работници беа повредени, при изведба на градежни работи. Едниот работник се повредил додека монтирал скеле. Тој паднал од височина од 4 до 6 метри. Другиот пак паднал од 5 до 7 метри додека поставувал клима уред. Во земјава годишно според
Животот и здравјето на македонскиот работник е потрошен ресусрс, нешто што демагошки го третираме како најголема вредност, но во реалноста многу лесно се откажуваме или многу лесно правиме компромиси кога станува збор за безбедноста на вработените.
нашата евиденција има околу 40 смртни случаи на работното место, а секојдневно некој работник се повредува, вели Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа. Во една компанија најмалку се внимава на безбедноста и здравјето на работникот, вели тој.

„Животот и здравјето на македонскиот работник е потрошен ресусрс, нешто што демагошки го третираме како најголема вредност, но во реалноста многу лесно се откажуваме или многу лесно правиме компромиси кога станува збор за безбедноста на вработените.“

Павел Трендафилов од Сојузот на Синдикати на Македонија вели дека тие се обидуваат да ја подигнат свеста на работниците, дека безбедноста и здравјето при работа треба да им биде приоритет.

„Врз основа на законските решенија се трудиме да ја подигнеме свеста на вработените од аспект дека безбедноста и здравјето при работа е едно од клучните прашања на кое треба да се внимава, а истовремено да се ослободат од стравот во којшто живеат во 21 век, тоа е немањето на работа и работење во ненормални услови и надвор од законот.“
Ако вие тоа го тргнете од страна, тоа е како да возите мотор без кацига, значи вие не сакате да ви се случи несреќа но тоа не значи дека сте ја спречиле таа несреќа дека нема да се случи.

На безбедноста и здравјето на работниците не треба да се гледа како на трошок, бидејќи доколку дојде до некоја несреќа најмногу ќе загуби компанијата, вели Петковски. Прв чекор е да се обезбеди стручен тим, кој ќе го оцени степенот на ризик на работното место, објаснува тој.

„Предуслов за успешен бизнис е системско решавање на проблемите кои произллегуваат од работниот процес. Ако вие тоа го тргнете од страна, тоа е како да возите мотор без кацига, значи вие не сакате да ви се случи несреќа, но тоа не значи дека сте ја спречиле таа несреќа дека нема да се случи.“

Во последниот извештај на Европската комисија беше забележано дека законот за здравје и безбедност при работа од 2007 година не се применува во целост и дека Националниот совет за професионална безбедност и здравје предвиден со законот сé уште не е формиран.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG