Достапни линкови

Политички МОБИНГ


Фабрика
Фабрика

Политичкиот мобинг е нов начин на злоупотреба на кој што се жалат работниците во Прилеп кои не припаѓаат на владеачката политичка опција. Врз нив се вршат континуирани притисоци, кои влијаат врз нивното физичко и психичко здравје.

Политичкиот мобинг е нов начин на злоупотреба на кој што се жалат работниците во Прилеп кои не припаѓаат на владеачката политичка опција. Врз нив се вршат континуирани притисоци, кои влијаат врз нивното физичко и психичко здравје. Под изговор дека ќе се зголеми продуктивноста на трудот, тие се прераспределувани од едно на друго работно место, а има случаи кога остануваат без работа. Своите реакции мобираните работници со страв ги пријавуваат во Синдикатот и бараат помош, за да избегнат поголеми последици-истакнуваат во Регионалната канцеларија на ССМ во Прилеп.
Тоа е едно прашање кое се појави во малку повисок степен во 2009 година, и токму од тие причини ние како Синдикат настојуваме да ги подучиме работниците како да се заштитат и на кој начин да ги си заштитат своите права


,,Тоа е едно прашање кое се појави во малку повисок степен во 2009 година, и токму од тие причини ние како Синдикат настојуваме да ги подучиме работниците како да се заштитат и на кој начин да ги си заштитат своите права од овој психички и физички притисок.Луѓе кои што не сакаат да излезат во јавност и не сакаат своите имиња да ги покажуваат, па во текот на минатата 2009 година,некаде околу 100 работници анонимно се јавива, по телефон за да кажат дека се жртви на физички и психички притисок."

Истакнува Тони Јовески, претседателот на Регионалната канцеларија во Прилеп. Тој вели дека директорите на јавните претпријатија и сопствениците или менаџерите на приватните фирми на разни начини го вршат политичкиот мобинг.

,,За жал многу е тешко да се докаже кое е политичко, кое не е политичко, значи многу е тешко да ги изведиме како доказ дали причините за овој притисок кој што се врши врз работниците се токму тие. Во прв момент работникот не е свесен дека е тој политички малтретиран. Начинот на кој што се преземаат одредените активности е тоа што, прво не се примаат одредениот број на работници,на одредени места, се прераспоредуваат од едно на друго работно место сето под изговор дека станува збор за
За жал многу е тешко да се докаже кое е политичко, кое не е политичко, значи многу е тешко да ги изведиме како доказ дали причините за овој притисок
прераспоредување од потребите за службата. Меѓутоа позадината на сите тие промени, токму е тој политички притисок."

Во Синдикатот посочуваат дека работниците во приватните фирми работат и во услови на страв да формираат синдикални организации, иако тоа право им е загарантирано со уставот и низа конвенции и декларации на Меѓународната организација на трудот.

,,Се уште постои енормно голем страв на работниците да формираат Синдикат.Ние имаме формирано значи во тектилната индустрија од нашиот град,една официјална, една неофицијална, значи се уште во анонимност ја држиме таа организација, затоа што постои страв кај тие водачите да не бидат избркани од работа."


Според Јовески измените во Законот за работни односи во голема мера нудат решенија за проблемите на работниците, но сепак со новиот Закон за мобинг што треба да се донесе годинава, се очекува дека ќе се обезбеди сигурност која ќе им овозможи на работниците во целост да ги остварат своите права, заштитувајќи се од сите форми на притисок и злоупотреба и во приватните и во јавните претпријатија.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG