Достапни линкови

Со државни пари во кампања?


Ги користат ли министрите во владата, градоначалниците, директорите на јавни претпријатија „државните добра“ во функција на изборната кампања?

Предпладне се министри, градоначалници, директори на јавни претпријатија, попладне кандидати за пратеници. Но, во изборната кампања не смеат да користат буџетски средства за своја или за промоција на партијата, велат антикорупционерите. Поранешниот член на Државната комисија за
Во моментот кога се тие кандидати на изборните кампањи тие ги искористуваат државните добра во функција на кампањата, почнувајќи од автомобили, трошење на бензин, злоупотреба на работното
време...
антикорупција Ариф Муса вели дека во земјата, појавата на злоупотреба на „државни добра“ за своја промоција нема тренд на опаѓање.

„Во моментот кога се тие кандидати на изборните кампањи тие ги искористуваат државните добра во функција на кампањата, почнувајќи од автомобили, трошење на бензин, злоупотреба на работното време, бидејќи во рамки на работното време одат во кампања. Тоа е чиста корупција.“

За појавата на злоупотреба на државните добра, Државната антикорупциска треба да покрене предмети и тоа да се санкционира, вели Муса.
Евентуалната злоупотреба може да се следи, но прашањето е дали се сака, вели претседателката на ТранспаренсиИнтернешнл, Слаѓана Тасева.

Скопските улици предизборно се поправаат

„А може да се следи затоа што сите службени возила имаат километража, потоа треба да имаат налог, трошење на средства за гориво итн, може да се контролира и многу едноставно може да се прави таа проверка.“

Според законот, министер за внатрешни, надворешни, финансии, одбрана и премиер мора по службена должност да одат со службена кола, возач и обезбедување, дури и на приватни настани. Така на пример, министрите
Службените возила имаат километража, потоа треба да имаат налог, трошење на средства за гориво итн, може да се контролира и многу едноставно може да се прави таа проверка.
Гордана Јанкуловска, Антонио Милошоски, и премиерот Груевски, и на партиски митинзи мора да одат со службено возило и обезбедување. Тасева вели дека никаде во светот нема практика таквите министри да учествуваат во кампањи, па нема ни со кога да споредиме, како е таму регулирано.

„Никаде на светот не им паѓа на памет да одат во кампања со државни пари, ако не сакаат да зборуваат за закон, нека зборуваат за етика и нека не одат во кампањи, ако во исто време се и министри.“

Во текот на изборната кампања, се забрануваат нови инвестиции и започнување со изградба на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација, училишта, градинки и други објекти. Исто така, во текот на кампањата не може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош или други исплати од буџетски средства или средства од јавни фондови и не може да се отуѓува државен капитал.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG