За едни демократски, за други без тронка демократија, со притисоци од владејачката партија на централно ниво или на локалната власт, со заложби за фер избори, кои за другите се само реченици на хартија, атак со штети на туристичкат сезона или шанса за спас на градот и доброто на Охрид, за што на крај сите се борат. Вака изгледа предизборниот амбиент во Охрид, градот воден од опозициската СДСМ, каде пак по традиција две децении ВМРО-ДПМНЕ ја почнува изборната кампања и тоа сега како единствена партија со митинг на централниот градски плоштад, за разлика од другите кои ќе митингуваат на малиот полигон, според одлуката на градскиот совет за да не се гнаси и оштетува центарот на Охрид во сезоната.
„Јас им кажав дека тоа е штетно за Охрид, но очигледно тие не гледаат дали е нешто штетно за градот или не, туку гледаат што е поубаво за нив. Впрочем така ја водат и државата. Не мислат што е убаво за државата, туку што е подобро за нив, за партијата. Можам да кажам дека кај нас воопшто и нема демократија, значи не може предизборниот период да биде демократски, кога наназад четири-пет години нема никаква демократија во Македонија. Охрид беше излепен со билборди уште пред почеток на кампањата, кои не смееше да ги има од вчера и претходната недела, така што иронично е потпишувањето на договорот за фер и демократски избори од страна на Груевски и останатите политички субјекти. Само по тоа може да се види односот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, кој го гледаат граѓаните“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Тој смета дека охриѓани се казнети од оваа влада, со неинвестирање, блокада на фискалната децентрализација и други мерки, поради што според него граѓаните ќе ја казнат власта на парламентарните избори.
„Време наназад провоцирани беа лични дисквалификации, лични клеветеи со цел локалната самоуправа да си се претстави себеси како некаков вид на жртва, а мислам дека тоа испровоцира и реакција од другата страна, што не е квалитет на Охрид, што е нешто што не треба да му се случува. Доколку тоа продолжи, а се виде дека и пред кампањата се случуваше, наместо СДСМ иВМРО-ДПМНЕ да водат битка за политички ставови, локалната самоуправа се јавува како некопј вид политички и партиски субјект, што е недозволиво, па се користат локалните ресурси, како веб страниците што се на сите граѓани за да промовира политичка борба“, вели координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во охридскиот совет, Дејан Паноски.
Според него, главната политичка битка ќе се води во медиумите и на социјалните мрежи.
„Мислам дека после 20 години демократија кампањите веќе воопшто не влијаат врз гласањето, тие силни реклами, митинзи, изборни слогани, песни и пораки, туку најмногу влијае секојдневието на граѓаните што е очајно, сиромаштијата во која живеат и неправедениот систем за живеење во Македонија. Сметам дека пресудно ќе биде секојдневието на граѓаните и информациите што ги пласираат релевантните медиуми. Секако улога ќе одиграат и притисоците кои се прават преку вработувања во администрацијата, различни шанси кои се прават преку партиите на луѓето за да дојдат до некоја понормална живеачка и тоа ќе одигра улога и минимален број на луѓе ќе гласаат од убедување идеолошко кон една или друга политичка партија“, вели жител на Охрид, каде освен граѓаните и странските туристи ќе ги гледаат предизборните карвани кои ќе крстарат низ државава.
Јас им кажав дека тоа е штетно за Охрид, но очигледно тие не гледаат дали е нешто штетно за градот или не, туку гледаат што е поубаво за нив. Впрочем така ја водат и државата. Не мислат што е убаво за државата, туку што е подобро за нив, за партијата.
„Јас им кажав дека тоа е штетно за Охрид, но очигледно тие не гледаат дали е нешто штетно за градот или не, туку гледаат што е поубаво за нив. Впрочем така ја водат и државата. Не мислат што е убаво за државата, туку што е подобро за нив, за партијата. Можам да кажам дека кај нас воопшто и нема демократија, значи не може предизборниот период да биде демократски, кога наназад четири-пет години нема никаква демократија во Македонија. Охрид беше излепен со билборди уште пред почеток на кампањата, кои не смееше да ги има од вчера и претходната недела, така што иронично е потпишувањето на договорот за фер и демократски избори од страна на Груевски и останатите политички субјекти. Само по тоа може да се види односот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, кој го гледаат граѓаните“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Тој смета дека охриѓани се казнети од оваа влада, со неинвестирање, блокада на фискалната децентрализација и други мерки, поради што според него граѓаните ќе ја казнат власта на парламентарните избори.
„Време наназад провоцирани беа лични дисквалификации, лични клеветеи со цел локалната самоуправа да си се претстави себеси како некаков вид на жртва, а мислам дека тоа испровоцира и реакција од другата страна, што не е квалитет на Охрид, што е нешто што не треба да му се случува. Доколку тоа продолжи, а се виде дека и пред кампањата се случуваше, наместо СДСМ и
Наместо СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да водат битка за политички ставови, локалната самоуправа се јавува како некопј вид политички и партиски субјект, што е недозволиво, па се користат локалните ресурси, како веб страниците што се на сите граѓани за да промовира политичка борба.