„Барем еднаш одважи се, барем еднаш охрабри се, барем еднаш конечно прифати еден ТВ-дуел со мене. Јас и ти со сите наши одлуки, со сите наши грешки, со сите наши гревови пред целата македонска јавност.“
Вака лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Бранко Црвенковски го повика премиерот Никола Груевски на телевизиско соочување пред македонскатајавност. Дуел кој веќе подолго време не се случил, а што се смета за важен елемент на демократијата и покажување на политичката култура.
Домашните експерти повикуваат на политичко созревање и прифаќање на дуелите како дел од изборната кампања.
„Последното соочување на претседателските избори во 2009 година беше под секое, не само демократско, туку и културно ниво и покажува дека не е само знак на демократичноста на политичката култура да се прифати соочување, туку и какво ќе биде однесувањето на главните актери во ТВ дебатата“, изјави политикологот Здравко Савески.
Она во што се сомневаат аналитичарите е начинот на кој ќе се одвива дебатата меѓу политичките лидери. Многу веројатно е дека таквите дуели ќе бидат само начин да се дискредитира противникот, а не да се дебатира за иднината на граѓаните и државата во која живеат.
„Политичката култура кај нас не е до тој степен за тие политички дуели да се користат за промовирање на своите квалитети, туку често се користат за дискредитација на политичките противници, но и тоа е дел од демократското развивање“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу.
Со овој став се согласува иуниверзитетскиот професор Алајдин Демири:
„Тие дуели се концепираат како „дамка на навредување“ и всушност тоа не води никаде.“
Потребно е да се надмине практиката, програмите на партиите да се презентираат на дебати и дуели, укажуваат политичките аналитичари. Според нив, тие соочувања треба да бидат содржински издржани и со висок степен на политичка култура.
Во демократско развиените земји, телевизиските дуели се следат со големо внимание. Се смета дека тие во голема мера одлучуваат кому ќе го дадат својот глас неопределените гласачи.
Вака лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Бранко Црвенковски го повика премиерот Никола Груевски на телевизиско соочување пред македонската
Последното соочување на претседателските избори во 2009 година беше под секое не само демократско, туку и културно
ниво.
Домашните експерти повикуваат на политичко созревање и прифаќање на дуелите како дел од изборната кампања.
„Последното соочување на претседателските избори во 2009 година беше под секое, не само демократско, туку и културно ниво и покажува дека не е само знак на демократичноста на политичката култура да се прифати соочување, туку и какво ќе биде однесувањето на главните актери во ТВ дебатата“, изјави политикологот Здравко Савески.
Она во што се сомневаат аналитичарите е начинот на кој ќе се одвива дебатата меѓу политичките лидери. Многу веројатно е дека таквите дуели ќе бидат само начин да се дискредитира противникот, а не да се дебатира за иднината на граѓаните и државата во која живеат.
„Политичката култура кај нас не е до тој степен за тие политички дуели да се користат за промовирање на своите квалитети, туку често се користат за дискредитација на политичките противници, но и тоа е дел од демократското развивање“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу.
Со овој став се согласува и
Политичката култура кај нас не е до тој степен за тие политички дуели да се користат за промовирање на своите квалитети, туку често се користат за дискредитација на политичките противници.