Достапни линкови

Потпишан Кодекс за фер избори


Поголемите политички партии потпишаа кодекс за фер избори
Поголемите политички партии потпишаа кодекс за фер избори

Лидерите на најголемите политички партии го потпишаа Кодексот за фер избори. Но, уште на самиот старт го оценија како лицемерен.

Лицемерен - вака опозициските партии го оценија Кодексот на однесување за слободни и фер избори, што беше потпишан денеска во клубот на пратеници. Лидерите на партиите велат дека ќе ги почитуваат правилата на игра, но според нив тие веќе се прекршуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, вели дека премиерот и лидер на владејачката партија, Никола Груевски потпишува едно, а во пракса прави се изборите да не бидат
Секојдневно се злоупотребува позицијата на власт, се врши притисок на вработените во администрацијата, се трошат на бескруполозен начин буџетските, народни пари, на себепромовирање, гледаме дека овие денови се случи и „данок во крв“ на објектите од Скопје 2014.
фер и демократски.

„Секојдневно се злоупотребува позицијата на власт, се врши притисок на вработените во администрацијата, се трошат на бескруполозен начин буџетските, народни пари, на себепромовирање, гледаме дека овие денови се случи и „данок во крв“ на објектите од Скопје 2014. Значи се прави се, само на Груевски да му се овозможи да исече уште некоја лента или да залепи уште некоја панделка.“

Претседателот на Нова демократија, Имер Селмани ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите за да не остават простор нивниот глас да биде изманипулиран.

„Тргнувајќи од фактот дека веќе од сега има голем број на притисоци, закани, злоупотреба на државната администрација од страна на власта, затоа најдобриот одговор на сите овие притисоци е да излезат да гласаат.“
Овој тажен факт е непогрешлив индикатор дека за жал нашето општество стои во место, дека нивото на политичка култура и демократска зрелост е сеуште ниско.

Првиот човек на Либерално-Демократската партија, Јован Манасијевски, вели дека е тажно тоа што и по 20 години независност странците ги подучуваат политичките лидери.

„Овој тажен факт е непогрешлив индикатор дека за жал нашето општество стои во место, дека нивото на политичка култура и демократска зрелост е се уште ниско и дека за жал се уште ни се потребни тутори.“

Со истиот став се и лидерите на другите партии.
Крис Хеншоу, директорот на Националниот демократски институт, кој ја организираше кампањата, вели дека тој им верува на потписите, бидејќи тие се вистински, но проблемот е во намерите кои потоа следуваат.

Крис Хеншоу, директор на НДИ за Македонија

x
Крис Хеншоу, директор на НДИ за Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00
Директен линк

„Има одредени перцепции дека овие избори нема да бидат слободни и фер, но утринава се случи една реалност, лидерите на сите политички партии дојдоа и го дадоа својот потпис за поддршка на кодексот. Реалноста е навистина позитивна.“

Не слушнавме од какво значење ќе биде Кодексот за престојните избори закажани за 5 јуни за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ , бидејќи не ги удостоија новинарите со изјава.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG