Во Државната изборна комисија се уште не е доставен Единствениот избирачки список, конечен и прочистен. Од таму велат дека комисијата побарала од надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Државниот завод за статистика да го достават прочистениот список со гласачите до 25 април.
Субхи Јакупи, член на изборната комисија, уверува дека во списокот нема да се најдат имињата на лица кои немаат 18 години, на што деновиве укажаЛиберално -демократската партија.
„Ќе бидат ставени само тие што ќе наполнат 18 години до 5-ти јуни.“
Јакупи ги отфрла сомневањата за можни изборни нерегуларности, а во насока на одржување фер и демократски избори, порачува секој граѓанин да ја посети веб страницата на комисијата за да провери дали неговото име стои на тој список.
„Може да проверат дали се на избирачкиот список и ако не се има упатство каде да се обратат.“
Политичкиот аналитичар Здравко Савески, пак, вели дека сите информации околу избирачкиот список се непотребно кревање прашина, особено кога за тоа постојат институционални механизми.
„Ако институционалните механизми не профункционираат, тогаш може веќе да се крева фама, а претходно е долевање на огнот на оваа жешка, прежешка предизборната кампања која се уште официјално и не е почната.“
За универзитетскиот професор Осман Кадриу пак, има место за сомневање. Евентуалните пропусти во избичаркиот список ќе имаат влијание врз регуларноста на изборите, предупредува тој.
„Таа појава сигурно ќе биде присутна и по однос на малолетните лица, и по однос на лицата кои се во меѓувреме починати, или се веќе починати да фигурираат на избирачкиот список. Ова е една појава на која сигурно ќе реагираат политичките партии.“
Обвинувањата од страна на Либерално демократската партија дека е голем бројот на малолетници во списокот, кои до денот на изборите нема да имаат право на глас ги демантираа од МВР, а од владејачката ВМРО-ДПМНЕ посочија дека избирачкиот список не е затворен, податоците на кои се повикувале ЛДП биле дел од редовната размена на податоци меѓу Заводот за статистика и МВР.
Субхи Јакупи, член на изборната комисија, уверува дека во списокот нема да се најдат имињата на лица кои немаат 18 години, на што деновиве укажа
Ќе бидат ставени само тие што ќе наполнат 18 години до 5-ти јуни.
„Ќе бидат ставени само тие што ќе наполнат 18 години до 5-ти јуни.“
Јакупи ги отфрла сомневањата за можни изборни нерегуларности, а во насока на одржување фер и демократски избори, порачува секој граѓанин да ја посети веб страницата на комисијата за да провери дали неговото име стои на тој список.
„Може да проверат дали се на избирачкиот список и ако не се има упатство каде да се обратат.“
Политичкиот аналитичар Здравко Савески, пак, вели дека сите информации околу избирачкиот список се непотребно кревање прашина, особено кога за тоа постојат институционални механизми.
„Ако институционалните механизми не профункционираат, тогаш може веќе да се крева фама, а претходно е долевање на огнот на оваа жешка, прежешка предизборната кампања која се уште официјално и не е почната.“
Таа појава сигурно ќе биде присутна и по однос на малолетните лица, и по однос на лицата кои се во меѓувреме починати, или се веќе починати да фигурираат на избирачкиот список. Ова е една појава на која сигурно ќе реагираат политичките
партии.