Зошто сѐ повеќе луѓе имаат проблем со дебелина?
Околу 4000 граѓани ги посетиле двата македонски државни центри за менаџирање на дебелина од отворањето во 2023 година, вели ендокринологот Хасан Танер во поткастот „Зошто“. Тој апелира матичните лекари кои издаваат упати за центрите, повеќе да ја користат шифрата Е66 која значи обезност, односно дебелина, за да се помогне на уште пациенти. Со него, разговаравме и за тоа зошто расте бројот на луѓе со ваков проблем.