Молк за жртвите, аплауз за лекарите и свирежи за Владата
Илјадници граѓани се собраа на протестен марш во Скопје за да побараат одговорност за трагедијата во Кочани, но и за сите претходни за кои, велат, нема правична разрешница. Под мотото „Кој е следен? Системот е следен“ демонстрантите маршираа од централниот плоштад до Собрание и Владата. По здравствените работници во старата Градска болница ги поздравија со громогласен аплауз.