Бројките покaжуваат дека во Македонија се зголемува бројот на граѓани кои поднесуваат претставки до Народниот правобранител. Иако тоа не е случај само во нашето општество, земјава по бројот на поднесени претставки е на прво место споредено со земјите во регионот. Ова го покажува годишниот извештај на Народниот правобранител за 2010-та година:
„Во земјите во регионот, а и пошироко овој број е двојно помал. Во 2010 година сме постапувале по вкупно 4827 преставки, а во 987 случаи сме констатирале повреди“, изјави Иџет Мемети.
Податоците во извештајот кој е доставен до Собранието покажуваат дека, на прво место граѓаните се жалат на судската власт, а после како потрошувачи и на полициските постапки. Според извештајот, Народниот правобарнител го загрижува фактот и по однос на имотно-правните односи затоа што повеќе од десет години функционирање на законот за денационализација, никако да заврши тој процес. Понатаму следуваат другите области како што е социјалата итн.
Државните институции не се согласуваат дека нема напредок со оглед на реформите кои ги прават. Граѓаните најповеќе се жалат од судската власт од причина што таму се одлучува. Но, во Министерството за правда велат овие изминати години донесени се пакет закони, институционализирани се 10 нови институции, донесени се над 140 закони, вели Мирјана Илиева портпарол во Министерството.
„А во наредниот период посебно со законот за парнична постапка во областа на судството се скратуваат практично сите рокови и се надевам дека граѓаните ќе можат многу полесно да стигнат до правдата.“
Од гледна точка на правобранителот праксата пак го демантира министерството и покажува дека извештајот констатира нееднаков пристап кон правдата, но и селективност при одлучувањето и долги и исцрпувачки постапки.
Според општите состојби со човековите права 2010 година според Мемети се каратеризира и со јавната администрација која поради својата нереформираност не овозможува доследно остварување на правата. Како не помалку важно правобраниетелот ја потенцираше, и како што рече, неквалитетната и несуштинска соработка, како и попречување на нивната работа од одредедени институции од јавната администарција:
„Имаше случаи каде одредени институции и органи цела година на ниту едно барање на Народниот правобранител не одговориле. Тоа е знак за она што значи вршење квалитетна контрола на работата на јавната администрација“, рече Мемети.
„Во земјите во регионот, а и пошироко овој број е двојно помал. Во 2010 година сме постапувале по вкупно 4827 преставки, а во 987 случаи сме констатирале повреди“,
Во земјите во регионот, а и пошироко овој број е двојно помал. Во 2010 година сме постапувале по вкупно 4827 преставки, а во 987 случаи сме констатирале
повреди.
Податоците во извештајот кој е доставен до Собранието покажуваат дека, на прво место граѓаните се жалат на судската власт, а после како потрошувачи и на полициските постапки. Според извештајот, Народниот правобарнител го загрижува фактот и по однос на имотно-правните односи затоа што повеќе од десет години функционирање на законот за денационализација, никако да заврши тој процес. Понатаму следуваат другите области како што е социјалата итн.
Државните институции не се согласуваат дека нема напредок со оглед на реформите кои ги прават. Граѓаните најповеќе се жалат од судската власт од причина што таму се одлучува. Но, во Министерството за правда велат овие изминати години донесени се пакет закони, институционализирани се 10 нови институции, донесени се над 140 закони, вели Мирјана Илиева портпарол во Министерството.
Имаше случаи каде одредени институции и органи цела година на ниту едно барање на Народниот правобранител не одговориле.