Смената на министерот за правда Михајло Маневски од Судскиот совет нема да смени многу работи во правниот систем, вели професорот Осман Кадриу. Toj посочува дека се уште за судството се зборува како за корумпирано, неефикасно, зависно, во кое има монтирани процеси, а сите тие појави укажуваат дека овој сегмент се уште не си ја исполнува основната задача да ги почитува и остварува правата на луѓето.
„Треба и други мерки да се преземат за менување на состојбите во судската власт, затоа што преку еден член што нема да биде во Судскиот совет по функција - член на владата, нема многу да се постигне, затоа што сметам дека и натаму другите власти, парламентарна значи законодавната и извршната власт ќе ги користат другите начини и методи за повторно да се мешаат и да имаат влијание врз судската власт.“
Правниот систем е еден од најкритикуваните области години наназад во извештаите за напредокот на земјата кон ЕУ, а работата на Судскиот совет е најкритикуваниот дел од судството. Опозициската СДСМ обвинува дека Судскиот совет по барање на министерот Михајло Маневски избира и разрешува судии по мерка на власта, а од власта велат дека токму опозициската СДСМ беше таа што го измени Уставот и дозволи министерот за правда да биде член на Судскиот совет. Опозицијата го обвинува Маневски дека до деградира и руинира судскиот ситем преку постојани политички притисоци, дискфалификации и партизации, напади врз Уставниот суд. Исто така музабележуваат и за тоа што ги негира извештаите, анализите и оценките на меѓунардните и на домашните институции, кои даваат оценки за правниот систем во земјата и за условите во затворите.
Пратеникот од СДСМ Владо Бучковски, вели дека токму Маневски е виновен за состојбите во судството, како и оние што го поддржуваат Маневски.
„Кој подлегнува на притисокот кој е евидентен на Маневски, станува соучесник во рушењето на правната држава и тоа мислам дека веќе го знаат и врапчињата, затоа не сум изненаден кога дава изјави премиерот Груевски, се прави недоветен.“
Министерот Маневски, пак, вели дека судските органи од своето постоење па досега никогаш не постигнале толку добри резултати како сега. Но, вели дека и покрај се, судството пак е критикувано од одредени структури.
„Особено од тие што сакаат да одат во матно, ќе доаѓаат и одредени критики неосновани, ќе доааѓаат и определени изјави кои тотално не одговараат на состојбите затоа што тоа не им одговара. Од тесно политички интереси се диригираат нападите.“
И покрај реформите во судството, се зголемува бројот на поплаки на граѓаните кои имале некои проблеми со правниот систем. Според податоците на народниот правобранител во 2009-та имало 744, а минатата 756 поплаки.
Треба и други мерки да се преземат за менување на состојбите во судската власт, затоа што преку еден член што нема да биде во Судскиот совет по функција - член на владата, нема многу да се постигне.
„Треба и други мерки да се преземат за менување на состојбите во судската власт, затоа што преку еден член што нема да биде во Судскиот совет по функција - член на владата, нема многу да се постигне, затоа што сметам дека и натаму другите власти, парламентарна значи законодавната и извршната власт ќе ги користат другите начини и методи за повторно да се мешаат и да имаат влијание врз судската власт.“
Без силна и искрена волја за менување на состојбите, разрешувањето на Маневски од Судскиот совет нема да донесе ништо ново, велат експертите
Правниот систем е еден од најкритикуваните области години наназад во извештаите за напредокот на земјата кон ЕУ, а работата на Судскиот совет е најкритикуваниот дел од судството. Опозициската СДСМ обвинува дека Судскиот совет по барање на министерот Михајло Маневски избира и разрешува судии по мерка на власта, а од власта велат дека токму опозициската СДСМ беше таа што го измени Уставот и дозволи министерот за правда да биде член на Судскиот совет. Опозицијата го обвинува Маневски дека до деградира и руинира судскиот ситем преку постојани политички притисоци, дискфалификации и партизации, напади врз Уставниот суд. Исто така му
Кој подлегнува на притисокот кој е евидентен на Маневски, станува соучесник во рушењето на правната држава.
Пратеникот од СДСМ Владо Бучковски, вели дека токму Маневски е виновен за состојбите во судството, како и оние што го поддржуваат Маневски.
„Кој подлегнува на притисокот кој е евидентен на Маневски, станува соучесник во рушењето на правната држава и тоа мислам дека веќе го знаат и врапчињата, затоа не сум изненаден кога дава изјави премиерот Груевски, се прави недоветен.“
Особено од тие што сакаат да одат во матно, ќе доаѓаат и одредени критикики неосновани, ќе доааѓаат и определени изјави кои тотално не одговараат на состојбите затоа што тоа не им одговара.