Покрај сите забелешки и препораки и тоа дека јавното обвинителство треба да има пристап до интернет, се наведува во извештајот на Европската комисија и тоа во време кога земјата се промовира како е-општество. Дека имаа проблем со пристап до интернет се пожали и јавниот обвинител Љупчо Шврговски во годишниот извештај за работата на обвинителството. Затоа обвинителите немаат можност за електронско пребарување на информации кои би биле од корист за нивната работа, нема пристап до законите во електронска форма, ниту пак постои можност обвинителствата да контактираат и соработуваат по електронски пат меѓусебно или со други институции. Но, Министерот за правда Михајло Маневски вели дека го имплементираат системот за електронско управување со судските предмети и дека веќе на веб-страниците на судовите се објавуваат судските пресуди.
Во извештајот се наведува дека е постигнат ограничен напредок во судските реформи. Но, постои загриженост во врска со независноста и непристрасноста на судството. Маневски вели дека независно и самостојно судство во голема мера зависи од судскиот буџет.
„Ефикасноста на судовите е зајакната преку подобрување на управувањето со буџетот и намалување на заостанатите случаи, судските предмети. Значи веќе е донесен законот за судскиот буџет кој се зголемува двојно во однос на сегашниот износ.“
Европската унија е загрижена и за улогата на министерот за правда во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители, затоа што смета дека извршната власт се меша во работата на судството. Маневски, пак, вели дека и тој е против тоа министерот за правда да членува во Судскиот совет.
„Неопходен е целосен политички консензус за да се измени оваа одредба, тоа прашање е секогаш отворено и се надевам дека со постигнување на тој политички консензус ова прашање ќе биде симнато од дневен ред.“
Контроверзните отпуштања и непотребното вмешување на министерот за правда укажуваат дека сегашниот систем не е во согласност со европските стандарди, се наведува во извештајот.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе вели дека на делот за судството во извештајот треба да му се обрне поголема важност, затоа што тоа е дел во кој Унијата нема да може да прави компромис, бидејќи ако направи ќе го загрози целиот процес на проширување.
И професор Осман Кадриу вели дека судството треба да се деполитизира, да се обрне внимание на кадровската политика и да се спроведуваат реформите за да може правниот систем да функционира онака како што треба.
„Сметам дека може да се совладаат проблемите, а со тоа фактички ќе се оствари она што се нарекува функција на судската власт, без силни, способни, чесни, деполитизирани кадри ние и понатаму ќе имаме вакви проблеми.“
Во извештајот се наведува и тоа дека корупцијата останува системски проблем, има судови кои се уште имаа многу заостанати предмети, треба да се решат недостатоците во затворите и да се спроведуваат реформите.
Ефикасноста на судовите е зајакната преку подобрување на управувањето со буџетот и намалување на заостанатите случаи, судските предмети. Значи веќе е донесен законот за судскиот буџет кој се зголемува двојно во однос на сегашниот
износ.
Во извештајот се наведува дека е постигнат ограничен напредок во судските реформи. Но, постои загриженост во врска со независноста и непристрасноста на судството. Маневски вели дека независно и самостојно судство во голема мера зависи од судскиот буџет.
„Ефикасноста на судовите е зајакната преку подобрување на управувањето со буџетот и намалување на заостанатите случаи, судските предмети. Значи веќе е донесен законот за судскиот буџет кој се зголемува двојно во однос на сегашниот износ.“
Европската унија е загрижена и за улогата на министерот за правда во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители, затоа што смета дека извршната власт се меша во работата на судството. Маневски, пак, вели дека и тој е против тоа министерот за правда да членува во Судскиот совет.
„Неопходен е целосен политички консензус за да се измени оваа одредба, тоа прашање е секогаш отворено и се надевам дека со постигнување на тој политички консензус ова прашање ќе биде симнато од дневен ред.“
Сметам дека може да се совладаат проблемите, а со тоа фактички ќе се оствари она што се нарекува функција на судската власт, без силни, способни, чесни, деполитизирани кадри ние и понатаму ќе имаме вакви
проблеми.