Достапни линкови

Позитивен или негативен извештај?


Од минатогодишната прослава на позитивниот извештај на ЕК за Македонија
Од минатогодишната прослава на позитивниот извештај на ЕК за Македонија

Каков ќе биде извештајот на ЕК? Едно е сигурно, велат експертите, без решение за името, нема почеток на преговорите.

Проблемот со името меѓу Македонија и Грција е единствената пречка која го кочи евроинтегративниот процес на земјава, велат и граѓаните и експертите во пресрет на овогодинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Тие се сложуваат дека извештајот како и изминатиот генерално ќе биде позитивен, иако има уште некои области на кои владата треба да работи за да ги исполни европските стандарди. Според анкетата, пак, која ја спроведовме на нашиот сајт мислењето на граѓаните е поделено. Околу 53 отсто сметаат дека Мекедонија ќе добие негативна оценка, а повеќе од 40 отсто од анкетираните се оптимисти. Очекувањето на некои
Македонија напредува, можеби мали корекции на судскиот систем треба, но главно се што бараа е направено. Исклучиво името е пречка и за НАТО и
за ЕУ.
од граѓаните е дека критики ќе има во истите области кои беа подвлечени и лани, а некои сметаат дека земјава успеала да ги спроведе сите потребни реформи.

„Македонија напредува, можеби мали корекции на судскиот систем треба, но главно се што бараа е направено. Исклучиво името е пречка и за НАТО и за ЕУ.“

„Што се однесува до нашата страна, сите работи се извршени. Мене ми се чини дека се зависи од ЕУ, дали ќе влеземе или не. Во сериозната политика не би требало некому да се наметнува име кое тој не го сака.“

„Инвестиции и вработувања. Во врска со името, од тоа зависи.“

Професорот Ивица Јосифовиќ вели дека Македонија ги исполнила политичките критериуми кои се најважни во добивањето на позитивна оценка, а на економските и другите критериуми се работи за време на преговорите со Унијата. Но, да добие датум за преговори земјава ќе мора да најде решението за името.


„Треба нешто енормно лошо да се случи во државата за да добиете негативен извештај, меѓутоа препораката на ЕК е оправдана, е издржана. Таа не е целосно толку политичка одлука колку што е заслуга и на Македонија во однос на евроинтегративниот процес, меѓутоа имајќи предвид дека Советот за почеток на преговори мора да донесе едногласна одлука каде што нормално Грција ќе има право на вето, почетокот на преговорите исклучиво зависи од решавање на спорот за името.“

До каде е Македонија во реформскиот процес ќе биде познато утре кога Европската комисија ќе го објави извештајот. Според експертите, освен судството, јавната администрација и корупцијата за кои земјава доби критики и минатата година, овој пат ќе бидат истакнати и проблемите со слободата на говор која и според анализата на Репортери без граници и Фридом хаус бележи пад, како и за политичкиот дијалог и сиромаштијата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG