Достапни линкови

Протести против власта


Неколку партии најавија протести против власта
Неколку партии најавија протести против власта

Неколку политички партии најавија протести против владината политиката. Можат ли протестите да го сменат јавното мислење и колку имаат ефект врз владината политика?

Катализатор за промена на јавното мислење, но не и сигурна алатка дека ќе се промени нешто во политичкиот живот и секојдневието на граѓаните. Вака политичките аналитичари ја објаснуваат потребата од протести кои во последно време ги најавија неколку политички фактори. Едни најавуваат бунт против погубната политика на власта, други се жалат на преголемата сиромаштија и социјалното незадоволство кое расте.
Меѓутоа дали ќе имаат пресудна улога во промената на расположението кај јавноста и граѓаните од аспект на поддршката која ја даваат за владеачката или опозиционите гарнитури, не сум убеден до крај дека можат да го постигнат тој ефект кон кој што несомнено целат

Но, и едните и другите не можат да го променат сопствениот рејтинг велат политиколозите.
Дали нивната порака ќе има ефект врз владината политика?

,,Меѓутоа дали ќе имаат пресудна улога во промената на расположението кај јавноста и граѓаните од аспект на поддршката која ја даваат за владеачката или опозиционите гарнитури, не сум убеден до крај дека можат да го постигнат тој ефект кон кој што несомнено целат."

вели Владимир Мислев од Институтот за демократија.
Спротивно на ова, политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека протестите можат да ја подзамислат власта.

,,Можат да и направат проблеми на власта итн, итн... Да се потсетиме само на една шака луѓе кои го блокираа Скопје повеќе од еден месец при продавањето на ЕСМ."

Политичките протести велат експертите имаат две цели. Да ја покажат моќноста на партијата и да го зацврстат партиското ткиво внатре. Во суштина, тие го изразуваат незадоволството од моменталната владејачка гарнитура, но во зависност од нивната масовност може да се заклучи нивниот исход:
Кога имате масовни протести тоа де факто значи победа на опозицијата, без разлика дали се тие протести од една или друга партија


,,Затоа што ако на еден таков протест се покаже дека немате доволен број на луѓе тогаш може да има ефект на бумеранг, односно контраефект, да има поголемо разочарување кај граѓаните од таа политичка партија."

,,Кога имате масовни протести тоа де факто значи победа на опозицијата, без разлика дали се тие протести од една или друга партија."

изјавија Мисев и Арсовски.
На таквите протести, кога мора да се предизвика емотивен набој кај толпата, нема простор за упатување на содржински пораки,вистински алтернативи и здрава дебата.
Од друга страна пак експертите посочуваат дека таквиот облик на колективно здружување може да биде и добар начин за исфрлање на негативната енергија кај граѓаните.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG