Достапни линкови

Власта против невладиниот сектор?


Прес конференција во НВО Инфоцентарот
Прес конференција во НВО Инфоцентарот

Лепење етикети без докази или...? Невладините организации обвинети за соработка со опозицијата. Дали е тоа стратегијата „Надеж“


Деновиве повторно имавме ситуации во кои партиите меѓусебно се обвинуваат дека стојат зад одредени активности на невладините организации, но се останува на зборови. Вицепремиерот Ставревски кој обвини дека ,,Граѓагани за Европска Македонија” се инсталација на опозициската СДСМ и оти во планот за заговор против државата се и уште неколку други невладини организации, рече дека нивното формирање е напишано во стратегијата ,,Надеж” на Бранко Црвенковски. Од оваа невладина организација демантираат поврзаност со СДСМ и го повикаа Ставрески тоа да го докаже од презентираните документи.
Ќе видиме за понатаму за правно расчистување на целиот случај, кога ќе дојдеме до извештајот. Значи се зборува за извештај од надворешни консултанти


,,Ќе видиме за понатаму за правно расчистување на целиот случај, кога ќе дојдеме до извештајот. Значи се зборува за извештај од надворешни консултанти” изјави Роберто Беличанец од Граѓани за Европска Македонија.

Разбранувано е и во таборот на бранителите. Отцепената група од ,,Достоинство” тврди дека Љубе Бошковски од Обединети за Македонија вршел притисок врз бранителите и тоа е причина зошта планираат да формираат ново здружение. Експерите сметаат дека проблем со години наназад долж транзицијата е политизацијата на другите сектори надвор од политичкиот сектор. Дали проблемот е во финансиската зависност. По осамостојувањето имавме две извори кои го градеа граѓанскиот сектор. Тоа беше странскиот фактор кој го фундиреше, а другиот беше политичкиот фактор. Сега имаме ситуација кога интернационалното потикнување на граѓанскиот сектор заради долготрајноста на транзицијата и финансиската криза слабее, вели комуникологот Сеад Џигал:
Се засилува факторот на домашните политички и економски центри на моќ кои што се поврзани, значи тоа е фаталниот проблем


,,Се засилува факторот на домашните политички и економски центри на моќ кои што се поврзани, значи тоа е фаталниот проблем.”

Аналитичарот Здравко Савевски смета дека е важно организациите да бидат транспарентни за тоа кој управува со организацијата и кој ја финансира. Кај нас дискутабилно е задскриеното дејствување. За него она што загрижува, а дека власта креира атмосфера во која се добива впечаток дека како да треба некој да се оддалечува од опозицијата за да докаже дека е независен:

,,Тоа повторно е уште еден проблем. Значи многу лесно се лепат лепенки, без тоа да се докаже. Сега тоа до каде треба да се тера? Неможе, не е во крајна линија докажливо. Друго сакам да кажам, дека по дефиниција не е проблематично во демократрски контекст дури и ако одредени здруженија на граѓани се поврзани со одредена политичка партија.”

На истата тема реагираа и СДСМ, дека на власта сигурно и гори под нозе кога се занимава со невладиниот сектор. Се огласи и здружението ,,Правда за сите” кое обвини дека невладината Граѓани за Европска Македонија го урива кредибилтетет на сите невладини организации и оти е финансирана од СОРОС.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG