Достапни линкови

НВО по европски терк


Сашо Клековски, МЦМС
Сашо Клековски, МЦМС

Новиот закон за Здруженија и фондации овозможува поголема слобода во финансирањето на НВО секторот.

Државата воведува нови правила за работата на невладините организации. Законот за Здруженија и Фондации, е изработен по европски терк. Тој овозможува поголема слобода во финансирањето на невладините. Велес е водечки по бројот на регистрирани здруженија на граѓани и Фондации.
Покрај Здруженијата и Фондациите за овие измени се заинтересирани и колегите од спортот и од културата. Има интерес да конечно во даночната свера се направи една ситуација каде што и граѓаните и претпријатијата ќе бидат мотивирани да донираат за различни цели


Проширување на слободата на здржување, изедначување на правата на домашните и странските лица во Здруженијата, изедначување на правните фузички лица, овозможување на малолетни лица да основаат организации. Сето ова го овозможува новиот закон за Здруженија и Фондации.

Организациите кои ќе ги исполнат условите ќе бидат предмет на понатамошни даночни и царински поттикнувања, како и на директни финансирања од државниот буџет.

„Покрај Здруженијата и Фондациите за овие измени се заинтересирани и колегите од спортот и од културата. Има интерес да конечно во даночната свера се направи една ситуација каде што и граѓаните и претпријатијата ќе бидат мотивирани да донираат за различни цели“, вели извршниот директор на МЦМС, Сашо Клековски.

Законските измени треба да го поттикнат одржливиот развој на невладиниот сектор. Лицата кои се дел од Здруженијата и Фондациите треба добро да ги осознаат измените, вели Клековски.

„Законот ги има сите мерки кои се неопходни за тоа да се постигне. Сега на нас е сите да одработиме заедно, бидејки сите сме свесни дека Законот неправи сам работите да се случуваат, значи институциите луѓето мора да ги искористат можностите. Она што е важно дека Законот е овозможувачки, сега на нас е да ја искористиме шансата“, вели Клековски.
Сеуште има мали сознанија за законот. Ова е прв чекор. Треба да се донесат уште неколку подзаконски акти кои ќе го надополнат, но имаме време од шест месеци. Добро е што законот за донации и спонзорства кој е тесно поврзан со овој закон е на собраниска јавна расправа за негова промена


Иако Законот за Здруженија и Фондации е на сила веќе неколку месеци сепак за негова целосна употреба, од Центарот за меѓународна соработка велат дека се неопходни измени и во други сродни Закони. Како многу значаен го посочуваат Законот за донации и спонзорства. Велес е еден од градовите во Македонија кој е водечки по бројот на регистрирани граѓански здруженија и фондации.

Невладините сметаат дека времето додека се донесат и подзаконските акти е доволно за негово импленатирање во секојдневното работење на Здруженијата

„Се уште има мали сознанија за законот. Ова е прв чекор. Треба да се донесат уште неколку подзаконски акти кои ќе го надополнат, но имаме време од шест месеци. Добро е што законот за донации и спонзорства кој е тесно поврзан со овој закон е на собраниска јавна расправа за негова промена“, рече Клековски.

Од Македонскиот центар за меѓународна соработка не се задоволни од тоа колку и како се вклучени граѓаните во здруженијата. Со измените во Законот очекуваат нивна поголема поддршка.
XS
SM
MD
LG