Европските пари наменети за развој на македонското граѓанско општество ќе останат неупотребени велат луѓето од невладиниот сектор. Невладините организации многу малку користат од европските пари програмирани во инструментот за претпристапна помош. Станува збор за 65,2 милиони евра кои треба да се употребат за борба против корупција, организиран криминал, за заштита на човекови права, за судството и за одржливост на граѓанското општество. Извршниот директор на Македонскиот центар за европско образование, Лидија Димова вели дека пари од европскиот буџет за развој на граѓанското општество има доволно, но нема кој да ги искористи тие пари. Димова вели дека една од причините што невладините организаци не ги користат парите од ИПА фондовите е немањето на финансиски капацитет.
„Со други зборови, ако вие барате 100 илјади евра од Европската Комисија вие ќе треба да покажете дека лани сте заработиле барем 300 илјади евра, кога ќе го погледнете од оваа гледна точка прашањето, тогаш ќе видите дека реално нема да има кој да ги повлече тие пари.“
Административниот капацитет е веќе друг проблем со кој голем дел од невладините оргазнизации се уште не се сретнале додава, Димова. Претседателката на невладината организација „Транспарентност Нулта Корупција“, Слаѓана Тасева вели дека многу малку од невладините оргзнизации се обидуваат да аплицираат за проекти финансирани од ИПА фондовите.
„Нашите невладини организации не се доволно подготвени тоа да го направат, немаме доволно капацитет за да се напишат добри проекти кои што би можеле да ги задоволат високите критеруми што ги постави Европската Комисија. Ние слушнавме за тоа дека не се доставуваат добри проекти, дека не се доволно разработени во смисла на целите и активностите.“
Само за борба со корупција во ИПА фондовите се програмирани 1,3 милиони евра. Невладината организација „Транспарентност Нулта корупција“ е корисник на еден од тие фондови и аплицирале за уште еден проект. Тасева додава деке е тешко да се биде корисник на ИПА фондовите.
„Направивме повеќе напори за да ги подигнеме нашите капацитети овде, за да можеме да аплицираме за ваквите фондови, но тоа не е случај со другите, имавме проблем на пример со ситуација кога треба да аплицираме со партнерски организации, кога треба да се пополнат сите неопходни обрасци за таа намена во ЕК и многу малку се познава постапката и многу малку постојат капацитети.“
Раководителот на програми во Македонскиот институт за медиуми, Петрит Сарачини вели дека генерален проблем е недостатокот на знаење кај невладините организации како полесно да се дојде до европските фондови и на јавната администрација која треба да го води процесот на пристапот до ИПА фондови.
„Нема да ги искористиме и ќе пропаднат, односно нема ЕУ да ги лоцира во Македонија и ќе останат да чекаат некои подобри времиња. Тие фондови им се достапни на сите земји кандидатки, подоцна нели треба да влеземе во процес на пристап кон фондови коишто се за членките на ЕУ, но ние сме се уште далеку од тоа. Последицата е тоа што за жал неможеме да ги користиме тие средства и да придонесеме уште повеќе за развојот на Македонија во процесот на приближување кон ЕУ.“
Нашите невладини организации не се доволно подготвени тоа да го направат, немаме доволно капацитет за да се напишат добри проекти кои што би можеле да ги задоволат високите критеруми што ги постави Европската Комисија.
„Со други зборови, ако вие барате 100 илјади евра од Европската Комисија вие ќе треба да покажете дека лани сте заработиле барем 300 илјади евра, кога ќе го погледнете од оваа гледна точка прашањето, тогаш ќе видите дека реално нема да има кој да ги повлече тие пари.“
Административниот капацитет е веќе друг проблем со кој голем дел од невладините оргазнизации се уште не се сретнале додава, Димова. Претседателката на невладината организација „Транспарентност Нулта Корупција“, Слаѓана Тасева вели дека многу малку од невладините оргзнизации се обидуваат да аплицираат за проекти финансирани од ИПА фондовите.
„Нашите невладини организации не се доволно подготвени тоа да го направат, немаме доволно капацитет за да се напишат добри проекти кои што би можеле да ги задоволат високите критеруми што ги постави Европската Комисија. Ние слушнавме за тоа дека не се доставуваат добри проекти, дека не се доволно разработени во смисла на целите и активностите.“
Само за борба со корупција во ИПА фондовите се програмирани 1,3 милиони евра. Невладината организација „Транспарентност Нулта корупција“ е корисник на еден од тие фондови и аплицирале за уште еден проект. Тасева додава деке е тешко да се биде корисник на ИПА фондовите.
Нема да ги искористиме и ќе пропаднат, односно нема ЕУ да ги лоцира во Македонија и ќе останат да чекаат некои подобри времиња.