Достапни линкови

Стопанствениците бараат поддршка за извоз


Може ли да се направи повеќе се поддршка на извозот?
Може ли да се направи повеќе се поддршка на извозот?

Владата вложува напори за промовирање на македонскиот бизнис, но има простор да стори многу повеќе во оваа насока, сметаат стопанствениците. Основните проблеми со кои се среќаваат претпријатијата во државава се отежнатиот пристап до капитал, големиот број административни бариери, преобемната регулатива и правната несигурност

Потребни се повеќе пари, државата да создаде поповолна бизнис клима, да се преземе нешто против нелојалната конкуренција и да има поголема подршка за промоција на македонскиот производ во странство, велат стопанствениците. Малите и средните претпријатија се носители на економијата во развиените земји и во Македонија треба да добијат можности за развој, велат луѓето од бизнис секторот.

Мораме да се бориме сами, се жалат бизнисмените

Подобрувањето на условите за водење бизнис треба да биде приоритет на домашната економија, затоа што тој предуслов е неопходен за успех на домашните компании на поширокиот европски пазар, од чиј дел еден ден ќе биде и Македонија, велат од Конфедерацијата на
Тоа е тоа што треба да се бориме сами. Значи, тука е најголемиот проблем, немаме никаква помош или оние инвестициски фондови кои што треба полека полека да доаѓаат во Македонија. Тука е најголемиот проблем на сите работодавачи, значи сето она што го прават го прават со сопствени средства и на своја рака и свој начин.
работодавачите.

„Тоа е тоа што треба да се бориме сами. Значи, тука е најголемиот проблем, немаме никаква помош или оние инвестициски фондови кои што треба полека полека да доаѓаат во Македонија. Тука е најголемиот проблем на сите работодавачи, значи сето она што го прават го прават со сопствени средства и на своја рака и свој начин“, вели Миле Чупетески од конфедерацијата на работодавачи.

Владата вложува напори за промовирање на македонскиот бизнис, но има простор да стори многу повеќе во оваа насока, сметаат стопанствениците. Се прават напори во оваа насока преку обезбедување учество на саеми со кофинанисрање, но средствата што ги одвојува за оваа намена не се доволни, вели Блерим Златку, директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

„Не се однесува промоцијата само на саемско претставување, тука треба да се прошири палетата на промоција на нашите производи. Бидејќи, секој ден нашите производи се подобруваат по квалитет.“
Не се однесува промоцијата само на саемско претставување, тука треба да се прошири палетата на промоција на нашите производи. Бидејќи, секој ден нашите производи се подобруваат по квалитет.

Владините анти кризни мерки без ефект?

Основните проблеми со кои се среќаваат овие претпријатија во државава се отежнатиот пристап до капитал, големиот број административни бариери, преобемната регулатива и правната несигурност. Со антикризните мерки кои Владата ги донесуваше на неколку пати беа промовирани измени со кои им се олеснува работата на бизнисмените, тие имаат одредени субвенции, им се олеснети условите за добивање кредити, променети се одредени регулативи.

Но, стопанствениците и пред еден месец кога беше донесен четвртиот пакет мерки коментираа дека и претходните мерки не создале осетливи ефекти. А од последниот пакет мерки допрва треба да се чекаат резултати. Малите и средните претпријатија во развиените земји учествуваат со повеќе од 80 отсто во бруто домашниот производ и со 50 отсто во вкупните вработувања, а во Македонија нивното учество во БДП е 50 проценти.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG