Доколку Европска Комисија утврди злоупотреба на фондовите и неправилно управување со нив, тоа може да ја чини државата многу пари и углед, велат познавачите на таа проблематика по објавувањето за наводна злоупотреба на пари од европските фондови во земјата. Брисел врши ревизија поради сомневање дека македонската Националната агенција за европски програми и мобилност, незаконски распределила пари од европските фондови. Од седиштето на Европската Комисија во Скопје велат дека ревизијата е почната, а поради сомневањето за злоупотреба на парите стопирани се парите за проектот „Млади во акција“. Од седиштето во Скопје велат дека ова е прв случај на злоупотреба на европски пари во земјата, па ревизијата ќе трае колку што е потребно, а во зависност од наодите ќе зависат натамошните чекори. Македонската влада најави санкции за евентуална злоупотреба на пари од европските фондови, ако се покажат точни наводите за нивно ненаменско трошење.
,,Ако постои незаконско работење, во тој случај ќе има и кривична постапка и затоа ќе одлучуваат судовите, а доколку постои само не етичко работење во тој случај ќе има разрешување."
изјави Премиерот Никола Груевски. Но, Лидија Димовска од Македонскиот центар за европско образование вели дека тој настан го нотирал уште во извештајот во октомври, но никој не рагирал тогаш. Димовска вели дека ваквите случаи со злоупотреба на пари можат многу да ја чинат државата.
,,ЕК има право да ги замрзне средствата. Случајот со Агенцијата за мобилност во Македонија, мислам дека е малку покомплициран. Прво, затоа што таа сеуште не е акредитирана, тоа значи дека ние фактички си направивме ,,самоубиство", за како натаму да ги користиме средствата од европската заедница."
Досега во земјата немало случај на злоупотреа на европски пари, но ЕУ во вакви слични случаи реагира строго. Например кога беше констатирано дека во Бугарија и во Романија, се злоупотребувале фондовите , беа затворени службеници, државите мораа да ги враќаат парите, им беа замрзнати фондовите и изгубија многу пари. За да се спаси од лошото искуство на Бугарија која изгуби стотици милиони евра поради злоупотреба на европските пари, Македонија воведе ново кривично дело - измама на штета на средствата од Европската Унија, при што се предвидени строги казни за оние кои ќе се обидат да ги стават во џеб парите од касата на Брисел. Со затворска казна до пет години ќе се соочат граѓаните и фирмите што ќе се обидат да ги злоупотребат европските пари од ИПА фондовите.
ЕК има право да ги замрзне средствата. Случајот со Агенцијата за мобилност во Македонија, мислам дека е малку покомплициран. Прво, затоа што таа сеуште не е акредитирана, тоа значи дека ние фактички си направивме ,,самоубиство", за како понатаму да ги користиме средствата од европската заедница