Младинскиот Центар „Рекански бисери“, пред неколку години, започна со организирање на манифестацијата „Реканска пита“, на која домаќинките се натпреваруваат во месење на традиционалните пити од овој регион. Оваа активност веќе прерасна во мошне привлечна манифестација, така што деновиве во Ростуше истата ја следеа и голем број домашни туристи од повеќе градови од земјава.
„Со текот на годините, оваа манифестација прерасна во многу поголем настан. Во активностите се вклучуваат не само возрасни жени, туку и помлади девојчиња. Манифестацијата некако добива натпреварувачки карактер и сите се трудат да направат што поубава пита“, вели претседателот на „Рекански бисери“ Хамлет Беќири.
Според него, манифестацијата дава особен придонес во развојот на селскиот туризам во регионот на Долна Река.
„ Во последниве години имаше голема реклама на целиот овој регион и на сите овие јадења. Дел од жените кои ги спремаат овие убави пити почнаа да го чуствуваат и бенефитот од сето тоа.затоа што доста гости, кои најчесто доаѓаат да го посетат водопадот во Дуф, доаѓаат и нарачуваат специјално да им се приготви пита“, вели Беќири.
На оваа манифестација годинава учествуваа повеќе од 30-тина домаќинки, но и помлади девојки од повеке рекански села.
„Јас сум Емина Симоновска, добитник на првата награда. Веќе 10 години учествувам на оваа манифестација и повеќепати имам добивано награди. Оваа година се преставив со традиционална пита што ја нареков Кукулоска сарајлија со тиквици, која ја имам научено како се прави од мојата сега покојна мајка“.
Каква беше конкуренцијата. Имаше ли други добри домаќинки?
„Нормално. Во нашиот крај нема недобри.“
Изборот на најдобрата реканска пита е дел од манифестацијата Реканско културно лето, која има силна подршка од локалната самоуправа, но и од Министерството за култура, како и од некои домашни и странски невладини организации.
Со текот на годините, оваа манифестација прерасна во многу поголем настан. Во активностите се вклучуваат не само возрасни жени, туку и помлади
девојчиња.
„Со текот на годините, оваа манифестација прерасна во многу поголем настан. Во активностите се вклучуваат не само возрасни жени, туку и помлади девојчиња. Манифестацијата некако добива натпреварувачки карактер и сите се трудат да направат што поубава пита“, вели претседателот на „Рекански бисери“ Хамлет Беќири.
Според него, манифестацијата дава особен придонес во развојот на селскиот туризам во регионот на Долна Река.
„
Во последниве години имаше голема реклама на целиот овој регион и на сите овие јадења. Дел од жените кои ги спремаат овие убави пити почнаа да го чуствуваат и бенефитот од сето тоа.