Достапни линкови

Меѓународна општинска соработка за економски развој


Општина Чашка ќе ги следи словачките препораки за економски развој. Амбасадорот на Словачка во Македонија Роберт Кирнаг во мисија за едукација на локалните власти. Македонско словачки тим работи на изготвување на проекти за добивање на финансиски средства од ИПАРД фондовите.

За да се успее да се дојде до финансиски средства од европските фондови неопходно е општините да ги следат примерите на земјите кои веќе се дел од европското семејство. Република Словачка, сака да им помогне на македонските општини. Токму затоа амбасадорот Роберт Кирнаг во мисија на едукација на локалните власти. Кирнаг, вели дека има општини кои својот економски развој можат да го
15 луѓе, македонци и словаци во октомври 2009 година го формираа Центарот за економски социјален развој.Тоа се луѓе кои знаат како се користат европските фондови.
направат соработувајки со други поголеми општини. Општина Чашка преку соработка со Словачка може економски да се развива.

„15 луѓе, Македонци и Словаци во октомври 2009 година го формираа Центарот за економски социјален развој.Тоа се луѓе кои знаат како се користат европските фондови. Ние сме поврзани, преставници на општина Чашка со овој Центар за економски и социјален развој“, вели Кирнаг.

Владата и Министерството за локална самоуправа подржувајќи ги идеите на граѓаните се обидува да си обезбеди партнери за развој на Општинате.

„Ова е специфичен случај, една рурално голема општина на која и е неопходна помош во капацитетите на општинската администарција за да успеат да се вклучат во тие проекти. Ние во иднина заедно со градоначалникот на Општината ќе видиме каде се најдобрите страни,
Ова е специфичен случај, една рурално голема општина на која и е неопходна помош во капацитетите на општинската администарција за да успеат да се вклучат во тие проекти.
кои се приоритетите на оваа општина“, вели министерот за локална самоуправа, Муса Џафери.

Чашка го има она што е најдрагоцено, природни убавини и чиста животна средина. Ова е предуслов за развој на руралниот туризам.

„Кај нас може да биде развиен манастирскиот туризам, имаме ловишта, лов, риболов, имаме селски туризам, се она што ни е потребно. Ние досега немаме аплицирано за тоа но разговараме со амбасадорите и досега они ни кажуваа од нивно искуство што е се потребно за да ова што ние го имаме во план во иднина го имплементираме“, рече градоначалникот на општина Чашка, Горан Пановски.

Општина Чашка е во завршна фаза на изработка на неколку проекти кои се очекува да бидат реализирани токму со финансиски средства од ИПАРД фондовите. Локалните власти сметаат дека со реализација на овие проекти Чашка економски ќе зајакне.
XS
SM
MD
LG