Достапни линкови

Патеки за велосипедизам во мариовско


Macedonia - Mountain biking, Prilep, 5Oct2009
Macedonia - Mountain biking, Prilep, 5Oct2009

Во близина на селото Витолиша тестирани се четири патеки за ,,моунтајн бајк" во должина од 170 километри. Целта е разбој на рекреативниот велосипедизам и селскиот туризам

Во планинските предели во близина на мариовското село Витолиште трасирани се четири маунтајн бајк патеки во должина од 170 километри. Овој проект на здружението на граѓани МАТА има за цел развој на рекреативниот велосипедизам и алтернативниот селски и планински туризам. Велосипедистите кои ги испробуваат патеките се со позитивни оценки:
Восхитен сум од оваа природата, фантастично е и многу сум среќен. Македонија е идеално место за велосипедизам. Треба многу луѓе да ја поддржат оваа идеја


,,Рекреација, уживање, добро друштво.Значи едно ново искуство за нас,самиот спорт како спорт, Македонија општо со природните убавини,има навистина голем потенцијал"

Меѓу првите посетители е и аташето за култура во германската амбасада, Франк Штесел, познат љубител на велосипедизмот.

,,Восхитен сум од оваа природата, фантастично е и многу сум среќен. Македонија е идеално место за велосипедизам. Треба многу луѓе да ја поддржат оваа идеја."

Вели Штесел. Но, во Македонија велосипедизмот не е се уште развиен. Овој млад спорт со едвај 20-ет годишна традиција добива се повеќе вљубеници. За да се зголеми бројот на велосипедистите кои ќе рекреираат низ мариовските планински пејсажи неопходни се поголеми интервенции.

,,Сега за сега ги користиме веќе постоечките патеки кои се од порано направени и кои шо служеле за експлоатација на шумата. Но, тие се бидејќи одамна изгледа не е експлоатирана шумата зарастени во коров. Следната етапа ќе биде расчистување на патеките и правење на нив да бидат безбедни за учесници кои немаат високо ниво на физичка подготвеност за да можат да ги возат."
Убаво е повеќе луѓе да дојдат, да ги видат убавините овде и да помогнат во развојот понатаму на алтернативниот туризам


вели Димитар Танев од скопскиот клуб „Енерџи„. Со цел што побргу да се развива овој спорт МАТА веќе купи повеќе напуштени куќи на 6 локации во Витолиште кои ќе се развиваат во сместувачки капацитети.

,,Убаво е повеќе луѓе да дојдат, да ги видат убавините овде и да помогнат во развојот понатаму на алтернативниот туризам.Проектот се состои во реновирање на неколку куќи кои што ќе се адаптираат за сместување."

вели Весна Аврамоска, директорка на МАТА.Првите резултати од проектот се очекуваат најрано по 3 години, кога секој што ќе посака ќе може да изнајми велосипед и да ужива во убавините на планинските предели во Мариовско. Инаку освен во Мариово, вакви маунтен-бајк патеки веќе постојат на Галичица,Маврово и во близина на Крушево.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG