100 километри пат исполнет со дупки, ќе ви стави крај на вашите маки со камења во бубрегот. Со ваква реклама може да привлекуваме туристи од странство, раскажува Миле Спировски претседател на Асоцијацијата на туристички агенции на Македонија. Спировски вели дека бил домаќин на група туристи од целиот Балкан, кои биле во посета на винарските визби во земјата и тие биле изненадени од лошите патишта.
,,Имав една група во Кавадарци во винарска визба од поранешните југословенски простори, таков град со толку многу дупки немаат видено во светот, а станува збор за шетани луѓе. Имаше и бугари во групата и тие од Крива Паланка до хотел Континентал додекастигнат на сите камчињата од бубрезите им паднаа, сега ќе се вратат излечени од Бугарија."
Реклами на CNN има, туристи нема
Реклами на Си-Ен-Ен, субвенции за туристи од странство, воведени чартер летови до европски престолнини состојбата со туризмот и понатаму лоша, со тенденции да се влошува и понатаму. Скапите реклами кои одат на американскиот тв канал СНН, не се нешто ново, започнале да се емитуваат уште пред 4 години. Но, откако се емитуваат, бројот на луѓе кои ги посетиле туристичките дестинации од година во година се намалува. Од СДСМ на пресови неколку пати изјавија дека е залудно за се трошат пари за реклами. Но, и од ВМРО на времето го делеле истото мислење. Сегашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски во 2006 во колумна на Утрински весник се прашува дали рекламите на СНН се правилниот начин за рекламирање, бидејќи каналот најмногу се гледа во Америка, а за посета на Македонија се најзаинтерсирани луѓето од Европа. Оние, пак, што го гледаат Си-Ен-Ен во континентална Европа се еден тесен круг дипломати, новинари и луѓе од политиката. Обичните Европејци, трговецот од Виена, адвокатот од Минхен, медицинската сестра од Брисел и банкарскиот службеник од Амстердам, не гледаат Си-Ен-Ен. А токму тие и нивните семејства се оние кои уште од април ги разгледуваат сите можни туристички понуди за нивниот планиран одмор во јули или во август. Токму тие се дел од она европско ’море од туристи’ кои за време на летото како реки се слеваат покрај јужните ’мориња за туристи’. Ако Македонија сака да допре до нивните планови за летен одмор, мора да одбере претставување на некој од нивните медиуми. Мора да излезе пред нивните очи и да влезе во конкуренција со другите понуди, заклучува Милошоски во својата колумна. Но, за разлика од Црна Гора која само за една година рекламирање имала за 40 проценти повеќе туристи, во Македонија е малку поинаку, затоа што во земјава доаѓаат помалку туристи. Останува прашањето зошто се продолжува со таков начин ако рекламирањето не дава резултати. И Александар Чоневски од Стопанската комора за туризам вели дека е потребен поинаков начин на рекламирање.
,,Треба да одлучиме дали ќе бидат далечни земји, прекуокеански или евентуално пред се околните земји околу нас од кадешто и доаѓаат голем број на туристи, тоа се покажува со години, па и малку подалеку eвропските земји, но сепак мислам дека далечните дестинации како Америка, Канада, Австралија како и да е мислам дека не се дестинации каде што ние треба толку многу да се рекламираме."
Бадијала реклами без чартер летови, лоша инфраструктура, високи цени...
Погрешен маркетинг, лоша инфраструктура, нема добар авионски превоз, високи цени, причините зошто Македонија не ги искористува своите капацитети да привлече повеќе туристи, може да се бараат насекаде. Луѓето поврзани со туризмот велат дека некои работи можат да се сменат, но дека сега засега се останува само на стратегии, а резултатите од година во година се се поразителни. Миле Спировски од АТАМ вели дека туризмот не е во криза, туку во агонија.
,,Знаете зошто агонија? Затоа што знаете каде бевме ние во туризмот и колку пред Бугарија, Албанија, а каде се сега тие, а каде ние."
Во години на светска криза, кога важи девизата мора да се живее, не мора да се патува, важно е да се понуди нешто поразлично и поефтино за да се задржат постојаните и да се привлечат нови туристи. Веќе не е во „мода“ седењето на плажа и сончањето, луѓето сега сакаат да откријат нештто ново, поинакво, да шетаат, да се запознаа со поинакви луѓе и култури. Чоневски вели дека наместо кон промоција на ленет и на зимски туризам, треба да се преориентираме кон нешто друго.
,,Летен, масовен и зимски туризам е да не кажам една ,,утка" за нас или ајде да најдеме поблаг збор - не е правилниот избор. Бидејќи околу нас сме опкружени со земји што имаат море, што во старт е многу позитивно за нив. Втора работа, колку сме подготвени и со капацитети да ги примиме гостите доколку масовно дојдат. Значи Македонија има исклучително убава приорда, имаме езера, имаме планини, имаме манастири, црвки, џамии имаме испреплетена култура којашто само треба да ја покажеме некаде, значи немаме потреба да измислуваме апсолутно ништо."
Предсезоната најавува лоша летна сезона
Ако предсезоната е некаков знак, тогаш не очекува лоша летна сезона. Луѓето од угостителскиот и хотелиерскиот сектор, туристичките агенции, сите велат дека и оваа сезона ќе ја пречекаат без соодветни подготовки, без посебна грижа од државата и покрај тоа што туризмот е важна гранка и од него живет многу луѓе. На излозите од туристичките агенции висат реклами само за летување во Грција, Турција или Египет, никаде од некое место во Македонија. А друго е веќе прашањето за цените, едно ноќевање во хотел во Охрид чини исто толку ако не и поскапо од ноќевање например во Египет или од другите странски летувалишта. Чоневски вели дека и агенциитезнаат дека мора да имаат повеќе понуди за домашни дестинации, но за тоа им се потребни повеќе пари.
Оние кои ја посетуват земјата вон сезона, најчесто престојуваат тука најмногу 2-3 дена или се само на поминување, и најчесто учествуваат на некакви семинари или конференции. Според податоците објавени во Националната стратегија за развој на туризмот во Македонија, за периодот (2008-2012) година, дури 42% од вкупниот број на туристи во Македонија доаѓаат само поради транзит кон туристичките дестинации на соседните земји. Дури 68% од вкупните трошоци на туристите во Македонија се за сметување, храна и пијалоци. Само 32% од вкупните трошоци туристите ги користат за патувања внатре во земјата, за купување сувенири и за други активности во рамки на престојот. Одамна не е изграден некој туристички објект, освен Охрид на туристите не им се нуди ништо ново, иако акцент барем во последните години се става на алтернативниот и на селскиот туризам. Семејството Станковски веќе неколку години се занимава со селски туризам. Семејната куќа од родителите ја претпориле во ан. Одаи од камен, лепче од под вршник, домашна ракија, риби од сопствниот рибник, сетоа тоа е рај за туристите од странство. Но потребна е поголема промоција, заклучува Славе Станковски.
,,Ни недостастува туристичка агенција и некаков водич, би требало и државата да влезе во сета оваа работа. Ние со самостојни придонеси, тешко е."
Неколку региони во Македонија, полека, но сигурно се претвараа во привлечни дестинации за рурален туризам. Но, и посетителите на овие места за нив слушнале од други луге кои веќе биле таму. Статистичките податоци покажуваат дека бројот на туристи од година во година се намалува. Последните податоци покажуваат дека во март годинава во споредба со лани, се намалил за речиси 14 проценти. За намалување на бројот на туристи дополнително влијаеше и тоа што Србија од каде што традиционално Македонија имаше туристи доби визно олеснување, па имаше и такви кои ги откажаа своите аражмани за новогодишните и прво-мајските празници. А се очекува и летово нивниот број да се преполови. Дончо Танески, претседател на Асоцијацијата на хотелиери, вели дека ако има интензивна и агресивна кампања, престојната сезона нема да биде полоша од ланската.
,,За летниот шпиц има срамежливи најави и букирања од гости од земјите од опкружувањето, меѓутоа тоа не радува, во преговори сме ние како хотелиери за воспоставуање на чартер од Белград кон Охрид еднаш неделно, можеби бројката не е многу, меѓутоа дополнителни 120 луѓе секоја недела за престој во Охрид или Струга радува."
Домашниот туризам погоден од визната либерализација
Но, освен помалку туристи од Србија, туристичките места ќе останат покуси и за домашни туристи. И граѓаните на Македонија ја користат визната либерализација да посетат некое место во Европа. Иако не се исполнија до крај предупредувањата дека Македонците ќе патуваат повеќе, сепак многумина ги искористија понудите да посетат некоја земја од ЕУ. Но и тука настана проблем. Во Европа без визи може да се патува само со нов биометиски пасош. Па така поради гужвите за вадење на лични документи, многумина имаат закажано да добијат пасош за една или две години. Желбата да се отиде на одмор некаде низ Европа, натера многу луѓе, да извадат пасоши по брза постапка. Неможноста да се извадат биометриски пасоши, и предизвика проблеми и на матурантите кои иако имаа резервирано за екскурзии низ Европа, останаа дома, да слават без своите школки другари. И додека нашите соседи, не преплавуваат со ефтини аражамни за пред сезона, нудат интересни понуди, на секој семафор е закачен по некој билборд, ако некоја земја е подготевена за туристи, не повикува на незаборавни доживувања, ние седиме со скрстени раце. За Дојран одамна се не спомнува, за Преспа повремено, За Охрид барем во последно врем беа актуелни проблемите со зголемниот водостој, поплавите, загаденоста на езерото, а сето тоа му фрли црна дамка и можеби ќе влијае врз намалување на бројот на туристи.
,,Се што ќе се прикаже негативно има влијание врз заинтересираноста и има дел на гости кои кога ќе ги видат тие лоши слики или изјави се премислуваат и ја менуваат дестинацијата, ако ја имаат одредено за Охрид или Струга, се откажуваат. Така што тука губиме ние, губат приватните станоиздавачи, губи градот, а губи и државата."
Вели Дончо Танески.
Пионерски чекори во градењето квалитетна туристичка стратегија
Миле Спировски од АТАМ вели дека на саемите за туризам во странство се оди со стари брошури, со неатрактивен пропаганден матријал. Но, директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот вели дека Македонија добро се преставува на саемите за туризам и дека сите кампањи за привлекување на туристи ќе вродат со плод.
,,Стратегијата наша за промоција покажува резултати, но во секој случај и за следните години отварањето на нови дестинации, нови пазари на овој начин, како што беше со холандските туристи покажуваат дека сите оние активности што ќе ги преземеме ќе дадат резулатати."
Почнувајќи од почетокот на годинава, Агенцијата преку субвенционирање на туроператори и новинари почна да работи на проектите за привлекување туристи, но и покрај позитивните реакции и тие имал еодредени забелешки за земјата.
,,Имаме забелешки во однос на инфраструктруата и чистотата, може да биде подобро со тоа се согласувам и јас со ангажирање на сите фактори."
За разлика од минатата година кога билбордите со реклами за туристички дестинации во македонија беа поставени предоцна, сега во соседните земји веќе има билборди, вели Стрезовски. За разлика од кај нас например во Словенија изминатите месеци беше актуелна понудата ,,Плаќа еден, патуваат двајца“. Оваа понуда од Словенија им ја нудат на македонските граѓани откако визната либерализација стапи во сила. Словенците понудија престој за двајца во ексклузивни бањи и велнес-центри, посета на Љубљана, Блед и други градови, по цена за еден. За да ја доближат до нашите граѓани, Словенците својата понуда ја објавија на македонски јазик на интернет-страницата на Словенечката туристичка организација, преку која може и да се направат резервации. Освен пониски цени, атрактивни места за посетување, еден од чинителите за привлекување гости е и добриот авионски превоз, со кој Македонија неможе многу да се пофали. Директни летови до други земји има само малку, и оние кои ги има се премногу скапи. За разлика од кај нас, во соседството веќе функционираат летови на ниско буџетни компании кои само за 30-тина евра ги носат луѓето до европските престолнини.
Едно од решенијата што го предлагаат експертите е Македонија и Охрид сопственета промоција наредниве неколку месеци да ја насочат кон албанскиот и косовскиот пазар, земји чиишто граѓани во Европската Унија си уште треба да патуваат со визи, велат дел од туристичките работници. Тие велат и дека треба повќе да соработуват сите чинители кои го сочинуваат секторот за туризам, за д аможе земјата да излезе од децениските порблеми. Тие како успешни приказни го посочуваат Бугарија и Албанија кои само до пред неколку години биле на рамниште како и македонија, за сега да с емногу понапред од нас и да станат атрактивни места на светската туристичка мапа.
,,Имав една група во Кавадарци во винарска визба од поранешните југословенски простори, таков град со толку многу дупки немаат видено во светот, а станува збор за шетани луѓе. Имаше и бугари во групата и тие од Крива Паланка до хотел Континентал додека
Имав една група во Кавадарци во винарска визба од поранешните југословенски простори, таков град со толку многу дупки немаат видено во светот
Реклами на CNN има, туристи нема
Реклами на Си-Ен-Ен, субвенции за туристи од странство, воведени чартер летови до европски престолнини состојбата со туризмот и понатаму лоша, со тенденции да се влошува и понатаму. Скапите реклами кои одат на американскиот тв канал СНН, не се нешто ново, започнале да се емитуваат уште пред 4 години. Но, откако се емитуваат, бројот на луѓе кои ги посетиле туристичките дестинации од година во година се намалува. Од СДСМ на пресови неколку пати изјавија дека е залудно за се трошат пари за реклами. Но, и од ВМРО на времето го делеле истото мислење. Сегашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски во 2006 во колумна на Утрински весник се прашува дали рекламите на СНН се правилниот начин за рекламирање, бидејќи каналот најмногу се гледа во Америка, а за посета на Македонија се најзаинтерсирани луѓето од Европа. Оние, пак, што го гледаат Си-Ен-Ен во континентална Европа се еден тесен круг дипломати, новинари и луѓе од политиката. Обичните Европејци, трговецот од Виена, адвокатот од Минхен, медицинската сестра од Брисел и банкарскиот службеник од Амстердам, не гледаат Си-Ен-Ен. А токму тие и нивните семејства се оние кои уште од април ги разгледуваат сите можни туристички понуди за нивниот планиран одмор во јули или во август. Токму тие се дел од она европско ’море од туристи’ кои за време на летото како реки се слеваат покрај јужните ’мориња за туристи’. Ако Македонија сака да допре до нивните планови за летен одмор, мора да одбере претставување на некој од нивните медиуми. Мора да излезе пред нивните очи и да влезе во конкуренција со другите понуди, заклучува Милошоски во својата колумна. Но, за разлика од Црна Гора која само за една година рекламирање имала за 40 проценти повеќе туристи, во Македонија е малку поинаку, затоа што во земјава доаѓаат помалку туристи. Останува прашањето зошто се продолжува со таков начин ако рекламирањето не дава резултати. И Александар Чоневски од Стопанската комора за туризам вели дека е потребен поинаков начин на рекламирање.
,,Треба да одлучиме дали ќе бидат далечни земји, прекуокеански или евентуално пред се околните земји околу нас од кадешто и доаѓаат голем број на туристи, тоа се покажува со години, па и малку подалеку eвропските земји, но сепак мислам дека далечните дестинации како Америка, Канада, Австралија како и да е мислам дека не се дестинации каде што ние треба толку многу да се рекламираме."
Бадијала реклами без чартер летови, лоша инфраструктура, високи цени...
Погрешен маркетинг, лоша инфраструктура, нема добар авионски превоз, високи цени, причините зошто Македонија не ги искористува своите капацитети да привлече повеќе туристи, може да се бараат насекаде. Луѓето поврзани со туризмот велат дека некои работи можат да се сменат, но дека сега засега се останува само на стратегии, а резултатите од година во година се се поразителни. Миле Спировски од АТАМ вели дека туризмот не е во криза, туку во агонија.
Знаете зошто агонија? Затоа што знаете каде бевме ние во туризмот и колку пред Бугарија, Албанија, а каде се сега тие, а каде ние
,,Знаете зошто агонија? Затоа што знаете каде бевме ние во туризмот и колку пред Бугарија, Албанија, а каде се сега тие, а каде ние."
Во години на светска криза, кога важи девизата мора да се живее, не мора да се патува, важно е да се понуди нешто поразлично и поефтино за да се задржат постојаните и да се привлечат нови туристи. Веќе не е во „мода“ седењето на плажа и сончањето, луѓето сега сакаат да откријат нештто ново, поинакво, да шетаат, да се запознаа со поинакви луѓе и култури. Чоневски вели дека наместо кон промоција на ленет и на зимски туризам, треба да се преориентираме кон нешто друго.
,,Летен, масовен и зимски туризам е да не кажам една ,,утка" за нас или ајде да најдеме поблаг збор - не е правилниот избор. Бидејќи околу нас сме опкружени со земји што имаат море, што во старт е многу позитивно за нив. Втора работа, колку сме подготвени и со капацитети да ги примиме гостите доколку масовно дојдат. Значи Македонија има исклучително убава приорда, имаме езера, имаме планини, имаме манастири, црвки, џамии имаме испреплетена култура којашто само треба да ја покажеме некаде, значи немаме потреба да измислуваме апсолутно ништо."
Предсезоната најавува лоша летна сезона
Ако предсезоната е некаков знак, тогаш не очекува лоша летна сезона. Луѓето од угостителскиот и хотелиерскиот сектор, туристичките агенции, сите велат дека и оваа сезона ќе ја пречекаат без соодветни подготовки, без посебна грижа од државата и покрај тоа што туризмот е важна гранка и од него живет многу луѓе. На излозите од туристичките агенции висат реклами само за летување во Грција, Турција или Египет, никаде од некое место во Македонија. А друго е веќе прашањето за цените, едно ноќевање во хотел во Охрид чини исто толку ако не и поскапо од ноќевање например во Египет или од другите странски летувалишта. Чоневски вели дека и агенциите
За летниот шпиц има срамежливи најави и букирања од гости од земјите од опкружувањето, меѓутоа тоа не радува, во преговори сме ние како хотелиери за воспоставуање на чартер од Белград кон Охрид еднаш неделно
Оние кои ја посетуват земјата вон сезона, најчесто престојуваат тука најмногу 2-3 дена или се само на поминување, и најчесто учествуваат на некакви семинари или конференции. Според податоците објавени во Националната стратегија за развој на туризмот во Македонија, за периодот (2008-2012) година, дури 42% од вкупниот број на туристи во Македонија доаѓаат само поради транзит кон туристичките дестинации на соседните земји. Дури 68% од вкупните трошоци на туристите во Македонија се за сметување, храна и пијалоци. Само 32% од вкупните трошоци туристите ги користат за патувања внатре во земјата, за купување сувенири и за други активности во рамки на престојот. Одамна не е изграден некој туристички објект, освен Охрид на туристите не им се нуди ништо ново, иако акцент барем во последните години се става на алтернативниот и на селскиот туризам. Семејството Станковски веќе неколку години се занимава со селски туризам. Семејната куќа од родителите ја претпориле во ан. Одаи од камен, лепче од под вршник, домашна ракија, риби од сопствниот рибник, сетоа тоа е рај за туристите од странство. Но потребна е поголема промоција, заклучува Славе Станковски.
,,Ни недостастува туристичка агенција и некаков водич, би требало и државата да влезе во сета оваа работа. Ние со самостојни придонеси, тешко е."
Неколку региони во Македонија, полека, но сигурно се претвараа во привлечни дестинации за рурален туризам. Но, и посетителите на овие места за нив слушнале од други луге кои веќе биле таму. Статистичките податоци покажуваат дека бројот на туристи од година во година се намалува. Последните податоци покажуваат дека во март годинава во споредба со лани, се намалил за речиси 14 проценти. За намалување на бројот на туристи дополнително влијаеше и тоа што Србија од каде што традиционално Македонија имаше туристи доби визно олеснување, па имаше и такви кои ги откажаа своите аражмани за новогодишните и прво-мајските празници. А се очекува и летово нивниот број да се преполови. Дончо Танески, претседател на Асоцијацијата на хотелиери, вели дека ако има интензивна и агресивна кампања, престојната сезона нема да биде полоша од ланската.
Се што ќе се прикаже негативно има влијание врз заинтересираноста и има дел на гости кои кога ќе ги видат тие лоши слики или изјави се премислуваат и ја менуваат дестинацијата, ако ја имаат одредено за Охрид или Струга, се откажуваат
,,За летниот шпиц има срамежливи најави и букирања од гости од земјите од опкружувањето, меѓутоа тоа не радува, во преговори сме ние како хотелиери за воспоставуање на чартер од Белград кон Охрид еднаш неделно, можеби бројката не е многу, меѓутоа дополнителни 120 луѓе секоја недела за престој во Охрид или Струга радува."
Домашниот туризам погоден од визната либерализација
Но, освен помалку туристи од Србија, туристичките места ќе останат покуси и за домашни туристи. И граѓаните на Македонија ја користат визната либерализација да посетат некое место во Европа. Иако не се исполнија до крај предупредувањата дека Македонците ќе патуваат повеќе, сепак многумина ги искористија понудите да посетат некоја земја од ЕУ. Но и тука настана проблем. Во Европа без визи може да се патува само со нов биометиски пасош. Па така поради гужвите за вадење на лични документи, многумина имаат закажано да добијат пасош за една или две години. Желбата да се отиде на одмор некаде низ Европа, натера многу луѓе, да извадат пасоши по брза постапка. Неможноста да се извадат биометриски пасоши, и предизвика проблеми и на матурантите кои иако имаа резервирано за екскурзии низ Европа, останаа дома, да слават без своите школки другари. И додека нашите соседи, не преплавуваат со ефтини аражамни за пред сезона, нудат интересни понуди, на секој семафор е закачен по некој билборд, ако некоја земја е подготевена за туристи, не повикува на незаборавни доживувања, ние седиме со скрстени раце. За Дојран одамна се не спомнува, за Преспа повремено, За Охрид барем во последно врем беа актуелни проблемите со зголемниот водостој, поплавите, загаденоста на езерото, а сето тоа му фрли црна дамка и можеби ќе влијае врз намалување на бројот на туристи.
,,Се што ќе се прикаже негативно има влијание врз заинтересираноста и има дел на гости кои кога ќе ги видат тие лоши слики или изјави се премислуваат и ја менуваат дестинацијата, ако ја имаат одредено за Охрид или Струга, се откажуваат. Така што тука губиме ние, губат приватните станоиздавачи, губи градот, а губи и државата."
Вели Дончо Танески.
Пионерски чекори во градењето квалитетна туристичка стратегија
Миле Спировски од АТАМ вели дека на саемите за туризам во странство се оди со стари брошури, со неатрактивен пропаганден матријал. Но, директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот вели дека Македонија добро се преставува на саемите за туризам и дека сите кампањи за привлекување на туристи ќе вродат со плод.
,,Стратегијата наша за промоција покажува резултати, но во секој случај и за следните години отварањето на нови дестинации, нови пазари на овој начин, како што беше со холандските туристи покажуваат дека сите оние активности што ќе ги преземеме ќе дадат резулатати."
Почнувајќи од почетокот на годинава, Агенцијата преку субвенционирање на туроператори и новинари почна да работи на проектите за привлекување туристи, но и покрај позитивните реакции и тие имал еодредени забелешки за земјата.
Имаме забелешки во однос на инфраструктруата и чистотата, може да биде подобро со тоа се согласувам и јас со ангажирање на сите фактори