Што очекувате на самитот во Сарево?
На ваквите самити не се случува нешто спектакуларно, затоа што тие не служат за развивање инструменти, тие служат за развивање на глобалната политика. Значи да се даде рамката, ако од оваа декларација што тие ќе ја дадат, кажат дека треба да се забрза интегрирањето на Западен Балкан тогаш најчесто се случува тој мандат да и се додели на Комисијата, а Комисијата е таа која што треба да смисли механизми како тоа да го направи. Така што од овде, за нас како директно засегнат регион, ќе биде многу битно да видиме што ќе содржи таа декларација.
Кои се барањата на балканското граѓанско општество што ќе ги презентирате денеска во Сараево?
Ние инсистиравме, јас инсистирав таму да биде спомената Македонија и да се бара датум за Македонија и тука фактички се кршеа копјата зошто Македонија да биде спомената, а да не е Србија, зошто Косово, а не некој друг итн. Меѓутоа го решивме, баравме да се заврши процесот на визната либерализација, бараме да се отвори безвизно патување во рамките на Западен Балкан. Зборуваме за тоа дека треба да се започне со изготувување на фамозниот патоказ 2014 којшто беше иницијатива на грчката Влада и велиме дека визната либерализација е успешна само затоа што владите многу подобро работат кога имаат многу мерливи, транспарентни задачи. Кога документот е на располагање на граѓанското општество тогаш и контролата што ја прават и притисокот што можат да го направат граѓаните е многу подобра.
Која е целта на сето ова?
Ние како граѓански организации да им кажеме на министрите што ние очекуваме од тој самит. Нивните очекувања се една приказна, меѓутоа мислам дека треба да ги чујат и кои се очекувањата на граѓанските организации од регионот. Се надевам иочекуваме, барем таква е бројката, дека ќе имаме поддршка од минимум 300 организации и мислам дека ќе биде многу добра порака што ќе произлезе од регионот. Која е целта? Значи многу често се зборува дека политичките лидери се тие што треба да се движат, нашата цел е да им покажеме дека политичките лидери имаат една улога, меѓутоа некој треба да ги контролира политичките лидери. Не треба да ве потсетувам дека Македонија во 2005 доби кандидатски статус и Македонија до ден денешен нема почнато преговори и мое длабоко убедување е дека тоа е поради лошите политички лидери што ги имаме во државата. Така што политичките лидери се во ред, тие мора да си ја завршат работата, меѓутоа некој треба да ги контролира, а никој неможе подобро да ги контролира од граѓанското општество.
Што ќе значи оваа декларација за Македонија?
Ќе биде битно за регионот, затоа што ќе можат да кажат, конечно и ние, а и регионот да каже дека ние имаме зрело граѓанско општество коешто може да ја одигра својата улога во процеост на европска интеграција.
На ваквите самити не се случува нешто спектакуларно, затоа што тие не служат за развивање инструменти, тие служат за развивање на глобалната политика. Значи да се даде рамката, ако од оваа декларација што тие ќе ја дадат, кажат дека треба да се забрза интегрирањето на Западен Балкан тогаш најчесто се случува тој мандат да и се додели на Комисијата, а Комисијата е таа која што треба да смисли механизми како тоа да го направи. Така што од овде, за нас како директно засегнат регион, ќе биде многу битно да видиме што ќе содржи таа декларација.
Кои се барањата на балканското граѓанско општество што ќе ги презентирате денеска во Сараево?
Баравме да се заврши процесот на визната либерализација, бараме да се отвори безвизно патување во рамките на Западен Балкан.
Ние инсистиравме, јас инсистирав таму да биде спомената Македонија и да се бара датум за Македонија и тука фактички се кршеа копјата зошто Македонија да биде спомената, а да не е Србија, зошто Косово, а не некој друг итн. Меѓутоа го решивме, баравме да се заврши процесот на визната либерализација, бараме да се отвори безвизно патување во рамките на Западен Балкан. Зборуваме за тоа дека треба да се започне со изготувување на фамозниот патоказ 2014 којшто беше иницијатива на грчката Влада и велиме дека визната либерализација е успешна само затоа што владите многу подобро работат кога имаат многу мерливи, транспарентни задачи. Кога документот е на располагање на граѓанското општество тогаш и контролата што ја прават и притисокот што можат да го направат граѓаните е многу подобра.
Која е целта на сето ова?
Ние како граѓански организации да им кажеме на министрите што ние очекуваме од тој самит. Нивните очекувања се една приказна, меѓутоа мислам дека треба да ги чујат и кои се очекувањата на граѓанските организации од регионот. Се надевам и
Политичките лидери се во ред, тие мора да си ја завршат работата, меѓутоа некој треба да ги контролира, а никој неможе подобро да ги контролира од граѓанското
општество.