Достапни линкови

Доцнат европските закони


Зградата на Собранието на РМ
Зградата на Собранието на РМ

Опозицијата обвинува дека годинава се доцни со носењето на европските закони во Собранието. И дел од експертите се согласуваат дека, иако има одредена динамика, сепак постојат проблеми особено во делот на недостаток од подзаконски акти.

Европските закони кои се усвојуваат во македонското собрание се донесуваат во редовна процедура и се позитивно оценети од Европската Комисија, велат од владеачката партија ВМРО ДМНЕ. Опозицијата смета дека годинава се доцни со носење на европските закони. Дел од политичарите и експертите сметаат дека постојат проблеми во спроведувањето на европските закони . Професорот Димитар Мирчев вели дека постои реална динамика за носење на европски закони, се носат во редовни процедури, но проблеми има.
Недостасува многу често делот на подзаконски акти, потребни се правилниици, уредби, систематизации...

„Недостасува многу често делот на подзаконски акти, потребни се правилниици, уредби, систематизации итн.“

Членот на Националниот совет за интеграции од ЛДП, Андреј Жерновски вели дека европските закони во македонското собрание се носат проформа и тие воопшто не се имплементираат.

„Реформите што ги правиме и законите што треба да ги усвоиме и што е уште најважно да ги имплементираме, ги правиме за да задоволиме некого во Брисел, а не сфаќаме дека всушност реформи ни се нам потребни, а не заради некоја бирократија во Брисел.“

Петар Поп Арсов од владечката партија ВМРО-ДМНЕ вели дека европските закони кои ја поминала првата фаза се квалитетни закони.

„Во фазата на имплементација сметам дека треба да поминат неколку години кои би покажале дали соодветниот закон на правилен начин се имплементира.“
А тоа е дека на пример од 374 подзаконски акти за оваа година, Владата не успеала да усвои повеќе од 21 во првиот квартал, значи ниту 5 проценти.

Претседателката на Националниот совет за европски интеграции од опозициската партија СДСМ Радмила Шеќеринска вели дека извештаите за европското законодавство покажуваат поразителни податоци.

„А тоа е дека на пример од 374 подзаконски акти за оваа година, Владата не успеала да усвои повеќе од 21 во првиот квартал, значи ниту 5 проценти.“

Седницата на нациналниот совет чија тема беше усогласување на македонското со европското законодавство е одложена на ноедредено поради немање кворум. Пратениците се пожалија дека извештајот за европските реформи доцна го добиле. Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ вели дека без да го разгледаат извештајот не треба да се даваат паушални оценки .

„Додека не се види колку подзаконски акти требало да се донесат, колку се донесени, колку се подготвени, колку се во владина процедура, неможеме да даваме оценка дали некој си ја завршил или не работата и врз основа на тоа да бараме одговорност.“

Одложената седница на Националниот совет за евроинтеграции не е единствена. Собраниската комисија за финансирање и буџет ја прекинаа седницата поради немање материјали на албански јазик.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG