Г-дине Вељаноски од последниот извештај на Европската Комисија, колку закони со европски предзнак се усвоени во Собранието?
Последниот извештај беше во октомври минатата година и од тогаш до сега можам да кажам колку закони се донесени. Во текот на 2009 година се донесени околу 13 закони со европски предзнак, значи зборувам од извештајот, па до крајот на годината. Во текот на 2010 година донесени се 12 закони и во собраниска процедура се околу 14 закони со европско знаменце и мислам дека тоа е една процедура во која што може да се каже дека постапката и брзината на носењето на законите со европско знаменце е на задоволително ниво.
Колку од овие закони останаа за усвојување?
Не значи дека, толку закони треба да се усвојат и завршена е постапката. Значи во текот на одреден временски период, одредени директиви што доаѓаат од ЕУ налагаат одредени измени во други закони, што ние не сме ги предвиделе и можам да кажам дека е усвоена една програма од страна на Владата и Собранието, која се состои од тоа дека во текот на оваа година треба да бидат донесени и усогласени околу 100 закони кои што се со европско знаменце. Мислам дека е на задоволително ниво, затоа што мислам дека од почетокот на оваа година има голем број на закони кои што Владата како предлагач ги достави до Собранието, се донесени или се во собраниска процедура.
Меѓутоа, Националниот совет за евроинтеграции смета дека Македонија назадува во усвојувањето на европските закони. Каква е одговорноста на Собранието во врска со овие закони?
Треба да прецизираме дека еден член, или претседателот на Советот, тоа го кажа. Нема никаде одлука во Собранието на РМ дека Македонија назадува. Таа констатација е на одреден член или претседател на Советот. Точно е дека во 2009 година беа предвидени поголем број на закони да бидат донесени, но не се донесоа, но мораме да кажеме дека во 2009 година го добивме најдобриот извештај за Македонија во кој што се препорача отпочнување на преговорите, мислам дека тој факт е многу позначаен отколку да ,,играме“ со бројки, дали се донесени, колку се донесени закони.
Но, каква е одговорноста на Собранието за овие закони со оглед на забелешките дека минатата година само 50 отсто од законите пристигнале?
Согласно Уставот, предлагачи се Владата, 10 000 граѓани и секој пратеник на Македонија. Јас можам да кажам дека од страна на Собранието, сите закони предложени од Владата, влезени во собраниска процедура, се донесени. Дали Владата во одреден временски период не ги доставила сите закони што требала да ги достави, тоа веќе е прашање до Владата. Во овој собраниски состав, можам да кажам, дека сите закони што се предложени со одреден временски рок, со одредена дебата во самото Собрание, се донесени. Мислам дека за еден месец, месец и половина, сите закони влезени во Собранието, поминувајќи низ една собраниска процедура, сите филтери низ Собранието, се донесени.
Уставниот суд поништи повеќе закони. На што се должи ова?
Јас би рекол дека ако се земат статистички показатели, ќе се види дека законите што се донесени во овој парламентарен состав, во претходниот и во тој пред него парламентарен состав, колку закони има донесено Собранието, колку има интервенирано Уставниот суд во одредени закони и тука може да се види дека бројката не е така голема како што се мисли дека се што има донесено Собранието, од страна на Уставниот суд е поништено. Можеби има некои специфични, многу чувствителни закони што Собранието на РМ ги донесе, а Уставниот суд за жал влезе во свое размислување, сепак почитувајќи ја својата надлежност, се произнесе донесувајќи одлуки, не за поништување на цели закони, туку за интервенирање на одредени делови од законите.
Спроведувате владина политика во врска со овие закони и не се консултирате со правни експерти претходно, како што ве критикува опозицијата?
Не знам од каде ја носи таа констатација опозицијата, дека спроведуваме владина политика. Ние тука спроведуваме собраниска политика. Собранието има своја политика, стратегија и со оглед на тоа се водиме кон таа собраниска, а не владина политика.
Дали вие реагирате кај Владата во врска со неодговорените пратенички прашања?
Службите ми даваат преглед на досега неодговорени пратенички прашања од страна на Владата како целина, но и како членови на владата, одредени министри. Тој преглед го доставувам во Владата, за да се почитува Деловникот, каде што пишува дека во рок од 20 дена треба да се достави одговор или од Владата или од член на Владата. За жал до сега има испуштено голем дел на неодговорени пратенички прашања. Од моја страна е упатено писмо, не едно, повеќе писма до Владата на РМ во кое што се укажува со одреден преглед, кога и на кои седници, одреден пратеник има поставено пратеничко прашање, а на кое нема одговор и со одредена забелешка дека треба да се почитува Деловникот и роковите во Деловникот за давање на одговор. Јас како претседател на Собранието, во тој дел можам да ја подигнам Владата, сепак да го почитува основното демократско право, да даде одговор на пратениците во Собранието на РМ, на секое пратеничко прашање. Сепак таа одговорност е првенствено политичка на тој член на Владата што не доставил одговор, а јас можам да кажам дека на завидно и солидно ниво е комуникацијата меѓу Владата и Собранието на РМ, почитувајќи ги уставните надлежности што ги има и Собранието и Владата.
Дали сега може да се рече дека Комитетот за меѓуетнички односи е деблокиран или кога на дневен ред ќе дојде проблематична тема, повторно да нема кворум?
Мислам дека Комитетот е многу значајно тело во Собранието на РМ, затоа што тој не произлегува од одлука на Собранието, туку тој произлегува директно од Уставот, кој што има многу значајна, суштинска, чувствителна работа во Собранието на РМ и добро е што се деблокира работата. Јас сега можам да кажам да бараме вина зошто дојде до таа ситуација, јас како претседател на Собранието, со претседателот на Комитетот г-динот Џевад Адеми, бараме начин како да се деблокира тоа не функционирање на Комитетот и добро е што тој продолжи да функционира и да ги држи своите седници. Мислам дека тоа дава мотив понатаму било кои теми да бидат на дневен ред, не треба понатаму и нема да дојде до блокирање на работата на Комитетот, затоа што секој член на Комитетот треба да знае дека има голема одговорност и како пратеник, но како член на одредена етничка заедница, затоа што таму има пратеници кои што се претставници на одредена етничка заедница, не на политички партии. Мислам дека тоа го сватија сите членови на Комитетот и понатаму ќе продолжи да функционира онака како што е замислено и како што е суштината од самото формирање на Комитетот за односи меѓу заедниците.
Дали за вас се прифатливи најавените уставни измени кои се однесуваат на членовите на Судскиот совет?
Можам да кажам дека е многу значајно за Република Македонија, не секоја уставна измена, секоја промена предложена од било кој, а која доведува до поголема самостојност и независност на судската власт, треба да биде прифатена. Буквално да кажам од мене се прифатени сите иницијативи. Како и зошто и кои уставни измени ќе се направат, тоа ќе покаже понатамошниот тек на водењето на постапката при промена на Уставот. Можам да кажам дека јас како претседател на Собранието, и истовремено претседател на Уставната комисија при Собранието на РМ, секој предлог што ќе дојде од овластен предлагач, а тоа е Владата, претседателот на државата или 30 пратеници, ќе помине низ една собраниска процедура, а јас би рекол и низ една процедура во која што поголема застапеност има јавната расправа и на која ќе учестува стручната јавност, затоа што знаеме дека се направија одредени промени пред четири-пет година во кои што условно да кажам сегашното функционирање на судската власт покажува дека треба да се направат одредени уставни измени, и затоа е потребно да се направи едно темелно разгледување на сите промени и предлози што ќе произлезат и целата стручна јавност да се произнесе, за да можеме да имаме ако дојде до промена на Уставот, да бидат уставни измени што нема да овозможат во одреден временски период повторно да дојде до промена на Уставот во делот на судството.