Достапни линкови

Доцнат европските закони


На последниот Национален Совет за евроинтеграции беше констатирано дека над половина од „европските“ закони не пристигнале од владата. Власта вели дека се работи за темелно подготвување на законите, а опозицијата критикува.

Откако на последниот Национален Совет за евроинтеграции беше констатирано дека 50 проценти од законите со европски предзнак минатата година воопшто не пристигнале од владата и дека нашето приспособување на законодавство е далеку од потребното од
Секој закон кој се однесува на усогласување на нашето законодавство со европското право се подготвува темелно и темелно се разгледува во собраниска процедура
Комисијата за европски прашања велат дека се работи за темелно подговување на законите и нивно разгледување во рамки на Собранието.

„Секој закон кој се однесува на усогласување на нашето законодавство со европското право се подготвува темелно и темелно се разгледува во собраниска процедура,“

изјави Петар Поп Арсов претседател на Комисијата за европски прашања. Минатата година опозицијата реагираше дека законите се носат во забрзана процедура и по итна постапка.

Уверувањата дека овојпат секој закон има подлога во Собранието каде истите се гласаат
за опозциската СДСМ е само одбрана поради доцнењето

„Еве имавме вчера неколку закони со европски предзнак, каде што навистина под плаштот дека се вградуваат европски директиви фактички владата си става свои решенија со кои сакаат да си решат свои проблеми. Значи, не се работи дека доцнат поради квалитетот,“
Еве имавме вчера неколку закони со европски предзнак, каде што навистина под плаштот дека се вградуваат европски директиви фактички владата си става свои решенија со кои сакаат да си решат свои проблеми. Значи, не се работи дека доцнат поради квалитетот
Законите со европски предзнак не стигнуваат пред пратениците

реагира Цветанка Иванова. Нејзината пратеничка група очекува владата да ги доставува законите зошто како што нагласува сите земји што се во процес на интегрирање мора брзо да раегираат и да го усогласуваат законодавството. Во владата има програма за усогласување на националното законодавство во која се утвредени рокови според кои одредени закони треба да се усвојат до добивање на датумот за преговори, потоа одредени закони во одредени области откако ке ги отпочнеме преговорите, а некои откако ке станеме членки зошто тоа е поголем акционен план.

„Освен ова 50 процентно доцнење на пробиени рокови, за жал дури откако ќе го добиеме датумот за преговори ќе биде констатирано во каква слаба кондиција сме. Не ги почитуваме роковите, и тоа ќе се најде во следните извештаи на ЕК.“

вели Андреј Жерновски од ЛДП

Тахир Хани од ДУИ оцени дека многу од препораките за прилгодување кон европското законодавство во Собранието се усвоени. Нивнатата пратеничка група е задоволна од темпото на носење закони, и од тоа што за многу закони се барало да има усогласени ставови со опозоцијата

„Меѓу тие закони се и Законот за Собрание. Се усогласуваат ставовите за Деловникот, имаме прифатено многу амандмани и забелешки од опозицијата.“


По паузата за новогодишните празници денеска во Собранието е закажана седница на која моментално има само неколку закони со европско знаме. Вчера на коордиција на пратеничките групи биле утвредени седниците и почетокот на расправата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG