Најновата владината верзија на закон за заштита од дискриминација, причина за нови поделби во македонското општество. Неспоменувањето на сексуалната дискриминација повод за етикетирања на подобни и неподобни, појава на конзервативни и либерални гледишта. Власта овој закон го брани со став дека сексуалната орентација е животен стил, избор на поединци што не е неопходен да биде нормативно регулиран. Според Влатко Горчев од ВМРО ДПМНЕ хомосексуалноста го доведува во прашање и бракот, како заедница на различни полови.
,,Секогаш води кон тоа да имаме редефиниција на бракот, односно бракот повеќе да не е институција помеѓу еден маж и една жена, туку секогаш ваквите закони се вовед во хомосексуални бракови и после тоа хомосексуалните бракови водат кон тоа да имаме усвојување на деца од хомосексуалните парови."
Невладните оранизации бурно реагираат со констатација дека дискриминацијата во сексуалната орентација не смее и не треба да се негира. Наместо градење на доверба во институциите, се кршат човековите права, оценува Мирјана Најчевска од Хелсиншкиот комитет:
,,Мора да се одбере позитивниот приод кој што во моментов го форсира ЕУ, за што е неопходно сексуалната ориентација да биде спомената во законот."
Во неколку наврати евродипломати од Брисел, законот за недискриминација го рангираа како еден од поважните за евроинтеграциите на земјата, а беше дел и од патоказот за визна либералзаиција.
,,Во најголем дел од земјите постојат и закони за регистирани партнерства, во земјите постојат и закони за хомосексуални бракови. Значи, тоа покажува еден степен на развој на културата на развој на човековите права"
Оценува Жарко Трајановски од невалндиот сектор. Македонските владечки конзервативни сили немаат разбирање за хомосексуалците, а јавната оценка на претседателот Иванов дека тие се жигосани од животот, испровоцира барање за јавно изминување и марш на толеранција.
,,Оваа група на луѓе кои што се најсилно подложени на дискриминација затоа што се исклучени од постојното законодавство и од Уставот на РМ, затоа што воопшто и непостои механизам за идентификација на дискриминацијата по сексуална ориентација."
Вели Ирена Цветковиќ од невладиниот сектор. На овие здруженија Владата им спротивстави сојуз за одбрана на бракот и забрана за абортус.
Секогаш води кон тоа да имаме редефиниција на бракот, односно бракот повеќе да не е институција помеѓу еден маж и една жена, туку секогаш ваквите закони се вовед во хомосексуални бракови
,,Секогаш води кон тоа да имаме редефиниција на бракот, односно бракот повеќе да не е институција помеѓу еден маж и една жена, туку секогаш ваквите закони се вовед во хомосексуални бракови и после тоа хомосексуалните бракови водат кон тоа да имаме усвојување на деца од хомосексуалните парови."
Невладните оранизации бурно реагираат со констатација дека дискриминацијата во сексуалната орентација не смее и не треба да се негира. Наместо градење на доверба во институциите, се кршат човековите права, оценува Мирјана Најчевска од Хелсиншкиот комитет:
,,Мора да се одбере позитивниот приод кој што во моментов го форсира ЕУ, за што е неопходно сексуалната ориентација да биде спомената во законот."
Во неколку наврати евродипломати од Брисел, законот за недискриминација го рангираа како еден од поважните за евроинтеграциите на земјата, а беше дел и од патоказот за визна либералзаиција.
Мора да се одбере позитивниот приод кој што во моментов го форсира ЕУ, за што е неопходно сексуалната ориентација да биде спомената во законот