Достапни линкови

Филип Гордон: Името е клучот за Европа


Средба меѓу претседателот Ѓорге Иванов и Филип Гордон
Средба меѓу претседателот Ѓорге Иванов и Филип Гордон

Решавањето на спорот за името со Грција е клучот за деблокирање на македонските евроинтеграции, изјави американскиот помошник на државниот потсекретар задолжен за европски и евроазиски прашања Филип Гордон. Според Претседателот Ѓорѓе Иванов пак, Македонија е најзаинтересирана за да се реши спорот со Грција

При посетата на Македонија, Гордон се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Поради проблеми со авионските летови во Европа, премиерот Никола Груевски не успеа да стигне во Скопје на најавената средба со Гордон, но американскиот дипломат најави дека ќе се сретне со Груевски во Загреб.
Филип Гордон изјави дека спорот за името со Грција трае предолго и дека САД силно го подржуваат надминувањето на спорот.

„Ние силно го поддржуваме зачленувањето на Македонија во НАТО и интеграцијата во Европската Унија. Решавањето на проблемот со името е клучот за деблокирање на тој процес. Мојата порака е да работите конструктивно со Грција, да најдете решение за ова прашање и да продолжите напред. Кога тоа ќе се случи, САД ќе биде силен поддржувач на тој договор.“
Решавањето на проблемот со името е клучот за деблокирање на тој процес. Мојата порака е да работите конструктивно со Грција, да најдете решение за ова прашање и да продолжите напред. Кога тоа ќе се случи, САД ќе биде силен поддржувач на тој договор.


По средбата со Гордон, кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов се огласи со соопштение. Во соопштението се наведува дека претседателот Иванов нагласил дека Македонија е подготвена за взаемно прифатливо решение во рамките на „Повелбата, резолуциите на Обединетите Нации и на меѓународното право“.

„Имајќи ги предвид ефектите од опстојувањето на Република Македонија надвор од овие структури, кои се одразуваат и на економскиот и на вкупниот политички и општествен живот, Претседателот Иванов нагласи дека Република Македонија е таа што е најзаинтересирана за решение до кое може да се дојде само со почитување на рамката во која се водат разговорите и со искрена политичка волја меѓу двете страни“, стои во соопштението.
Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на 11 конгрес на партијата

По средбата со Гордон, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека Вашингтон е заинтересиран за успешно интегрирање на Македонија во НАТО и во ЕУ.

„САД сметаат дека е крајно време да се надмиме пречката, односно спорот со Грција околу името на нашата земја и на тој начин да се деблокираат евро атлантските интеграции на Република Македонија.“

Црвенковски вели дека е јасно дека спорот не може да се реши до јуни, но оти може да се отпочне со некој процес што значи решавање на спорот.
Од аспект на САД следната одредница, која за нив можеби е и побитна е самитот на НАТО во Португалија, во октомври, односно почетокот на ноември и дека процесот треба и да заврши, значи треба да почне деновиве.


„Од аспект на САД следната одредница, која за нив можеби е и побитна е самитот на НАТО во Португалија, во октомври, односно почетокот на ноември и дека процесот треба и да заврши, значи треба да почне деновиве.“
Филип Гордон и Али Ахмети даваат изјави за медиумите

Лидерот на ДУИ Али Ахмети повтори дека треба да се најде решение на спорот со Грција.

„Македонија сега има потреба што побрзо да ги затвори важните теми како што е прашањето за името, затоа што тоа е проблем што бара решение што ќе ни ги отвори вратите за членство во НАТО и во ЕУ.“

Досегашната практика покажа дека токму помошникот на заменикот на државниот секретар задолжен за европски и евроазиски прашања е клучна фигура на американската надворешна политика во однос на Македонија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG