26-годишниот прилепчанец Диме Алексоски тврди дека бил брутално претепан од петмина инспектори во прилепската полицијата, откако го привеле пред неговата куќа во центарот на Прилеп. Според Алексоски, без никаква причина инспекторите насилно го извлекле од такси возило и го привеле во полицијата.
„Инспектори за дрога ме истргаа од кола и почнаа да ме претресуваат, да ме слекуваат гол, да бараат дрога, почнаа да маваат тука, да ме понижуваат. Јас немав ни дрога ништо. Од тука ме однесоа в станица. Во станица ме слекоа гол и почнаа многу да ме тепаат, четири часа можеби пет со палки, со тупаници со се.“
Алексоски вели дека под присила потпишал изјава во полицијата дека набавил дрога од друго лице, обвинил неосновано двајца свои пријатели и се сложил на соработка со полицијата за да ги приведат.
„Ми викаа мораш да кажеш дека чупево ти дало дрога. При многу ќотек прифатив да кажам дека ми дало дрога, оттука ме однесоа кај истражен да кажам, имаше и од инспекторите дојдено со мене за да слушнат дали ќе кажам или не. Еден инспектор ја напиша изјавата демек сум одел, сум купувал од кај чупево повеќе пати. Тоа веќе сето беше напишано јас кога појдов внатре кај истражен.“
Вели полицајците не му дозволиле да повика ни адвокат.
„И од тука ме вратија пак в полиција и дури тогаш ми дадоа документ да потпишам дали сакам адвокат или не, или да кажат на родител. Видоа оти в компјутер излегува што си кажал кај истражен и ме пуштија. Само што ме пуштија јас одма дојдов кај чупево за да и кажам каква е работата, не сакам да го носам на душа, нешто што не е, да биде така.“
Но, наспроти тврдењата на Алексоски, полицијата соопштува дека тој е регистриран нарко-зависник и дилер и дека има основано сомнение за неговото приведување. Полицијата демантира дека полицијаците физички го малтретирале.
„Пронајден е предмет од друго кривично дело кое што А.Д. го признал пред полициските службеници при обавувањето на разговорот. Инаку службените записници за приведувањето и задржувањето, лицето ги потпишало без никакви забелешки во врска со третманот од страна на полициските службеници кои што работеле со него. Исто така А.Д. е регистриран нарко зависник, дилер на опојни дроги“, изјави м-р Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР-Битола.
Тој истакнува дека приведениот бил баран со судска наредба за издржување затворска казна.
Според информациите од Центарот за граѓански иницијативи во Прилеп, како една од петте македонски здруженија кои го имплементираат проектот за „Поддршка на човековите права“, лани се евидентирани 38 граѓани кои се жалеле на полициско насилство и побарале бесплатна правна помош. Најголем број претставки се од Македонци, иако евидентен е бројот на Ромите кои добиваат храброст да пријават повреда на полициско постапување. Поголем дел од поплаките се однесуваат на прекумерна употреба на сила во полициското постапување. Нотирани се случаи за понижувачко и навредливо однесување од страна на полицијата при што во однос на минатата година се бележи пораст од 11 отсто. Лани се поднесени 16 претставки до Народниот правобранител. Но, зголемен е бројот и на санкционирани полициски службеници со што се намалува можноста од неказнивост на облиците на тортура. Судот и понатаму води долготрајни постапки кои го загрозуваат судењето во разумен рок, соопштуваат од Центарот за граѓански иницијативи.
Инспектори за дрога ме истргаа од кола и почнаа да ме претресуваат, да ме слекуваат гол, да бараат дрога, почнаа да маваат тука, да ме понижуваат. Јас немав ни дрога ништо. Од тука ме однесоа в станица. Во станица ме слекоа гол и почнаа многу да ме тепаат, четири часа можеби пет со палки, со тупаници со се
„Инспектори за дрога ме истргаа од кола и почнаа да ме претресуваат, да ме слекуваат гол, да бараат дрога, почнаа да маваат тука, да ме понижуваат. Јас немав ни дрога ништо. Од тука ме однесоа в станица. Во станица ме слекоа гол и почнаа многу да ме тепаат, четири часа можеби пет со палки, со тупаници со се.“
Алексоски вели дека под присила потпишал изјава во полицијата дека набавил дрога од друго лице, обвинил неосновано двајца свои пријатели и се сложил на соработка со полицијата за да ги приведат.
„Ми викаа мораш да кажеш дека чупево ти дало дрога. При многу ќотек прифатив да кажам дека ми дало дрога, оттука ме однесоа кај истражен да кажам, имаше и од инспекторите дојдено со мене за да слушнат дали ќе кажам или не. Еден инспектор ја напиша изјавата демек сум одел, сум купувал од кај чупево повеќе пати. Тоа веќе сето беше напишано јас кога појдов внатре кај истражен.“
Вели полицајците не му дозволиле да повика ни адвокат.
Службените записници за приведувањето и задржувањето, лицето ги потпишало без никакви забелешки во врска со третманот од страна на полициските
службеници.