За разлика од нашите средни генерации, воспитани во патријархален и строг дух, со почит и без приговори кон родителите, наставниците и возрасните, денес се почеста е сликата кога мало дете уште од прво одделение ќе влезе дома и ќе ви рече, не викајте ми, јас си имам свои детски права. Колку е ова само фраза, што во своја одбрана ја користат децата, и колку вистински ги познаат своите права, нивната заштита и обврски и колку учениците учествуваат во носењето на одлуките на наставничкиот совет и другите тела, на што имаат право, покажува истражувањето на коалицијата на младински организации СЕГА, што минатата година во 14 градови го спроведе проектот „Имплементација на конвенцијата за правата на дето во Македонија“. Во Охрид беа опфатени 162 ученици и 8 претставници од наставниот и административен кадар од едно основно и едно средно училиште.
„Повеќе од половината испитаници и од основното и од средното училиште изјавија дека се многу малку запознаени со правата на детето. Тие ја виделе конвенцијата, но не прочитале многу од нејзината содржина и ги разликуваат донекаде правата и обврските, но основците претежно, повеќе ги познаваат своите обврски отколку своите права. Во однос на познавањето на правото на учество во донесувањето на одлуки, 41 процент од испитаниците многу малку знаат за ова право, а додека 23 проценти воопшто не знаат. Учениците кои учествувале во истражувањето сакаат да научат како да го остварат правото на учество. Покрај потребата содржински и теоретски да се обработи ова право, учесниците сакаат да дознаа за процесот и начинот на кој се остварува ова право“, вели Моника Илиоска, соработник на програмата во СЕГА.
Според неа, учениците средношколци повеќе учествуваат во носење на одлуки отколку основците, за што децата немаат јасна перцепција, за што само се прашани, а потоа за нив одлучуваат родителите и професорите, а мал процент сметаат дека во одлуките учествуваат преку класната и училишната заедница. Кои се специфичните заклучоци од истражувањето меѓу 140-те Струшки основци и средношколци кои неретко имаат мултиетнички проблеми.
„Доколку се работи на соодветна едукација на учениците, без разлика на нивната етничка припадност, сметам дека доколку научат да ги почитуваат своите права, би научиле да ги почитуваат и правата на останатите. Без разлика дали се работи за нивен врсник од иста или различна националност, доколку се работи правилно со децата, мислам дека би ги надминале самите проблемите што ги имаат помеѓу нив“, вели Илиоска.
Таа смета дека освен преку наставните предмети и кодексот за однесувањето, своите права децата правилно можат да ги осознаат преку дополнителна едукација во формалното и неформалното образование, преку класините заедници и невладините организации, со утврдување на одговорностите на претставниците на класните заедници, и со воведување на еден нов механизам за заштита на правата на децата институцијата „дете правобранител“. Тоа би бил ученик медијатор меѓу институциите и учениците, каде би се обраќале учениците кога некое детско право би им било прекршено, со што би се олеснила комуникацијата меѓу децата и возрасните, практика што добро функционира во западните земји и се подготвува кај нас, а ја нема на Балканот.
Повеќе од половината испитаници и од основното и од средното училиште изјавија дека се многу малку запознаени со правата на детето. Тие ја виделе конвенцијата, но не прочитале многу од нејзината содржина и ги разликуваат донекаде правата и обврските, но основците претежно, повеќе ги познаваат своите обврски отколку своите права.
„Повеќе од половината испитаници и од основното и од средното училиште изјавија дека се многу малку запознаени со правата на детето. Тие ја виделе конвенцијата, но не прочитале многу од нејзината содржина и ги разликуваат донекаде правата и обврските, но основците претежно, повеќе ги познаваат своите обврски отколку своите права. Во однос на познавањето на правото на учество во донесувањето на одлуки, 41 процент од испитаниците многу малку знаат за ова право, а додека 23 проценти воопшто не знаат. Учениците кои учествувале во истражувањето сакаат да научат како да го остварат правото на учество. Покрај потребата содржински и теоретски да се обработи ова право, учесниците сакаат да дознаа за процесот и начинот на кој се остварува ова право“, вели Моника Илиоска, соработник на програмата во СЕГА.
Според неа, учениците средношколци повеќе учествуваат во носење на одлуки отколку основците, за што децата немаат јасна перцепција, за што само се прашани, а потоа за нив одлучуваат родителите и професорите, а мал процент сметаат
Доколку се работи на соодветна едукација на учениците, без разлика на нивната етничка припадност, сметам дека доколку научат да ги почитуваат своите права, би научиле да ги почитуваат и правата на останатите.