Достапни линкови

Заштита на човековите права


Луѓето стануваат свесни и се повеќе бараат заштита на нивните права
Луѓето стануваат свесни и се повеќе бараат заштита на нивните права

Денешниот ден на борците за човековите права им е посветен на храбрите луѓе, на оние кои даваат придонесе во заштитата на човековите слободи.

Искуствата на народниот правобранител покажуваат дека граѓаните се повеќе се заинтересирани за своите права и како да ги заштитат. Секоја година се зголемува бројот на претставки во оваа институција. Најголем дел од нив се однесуваат на судскиот систем, изјави портпаролот Уранија Пировска:
Тоа значи дека граѓаните почнуваат се посвесно да се борат за своите права. Имотно правните односи се област во којашто во голем дел се жалат граѓаните и за ажурност и за несоодветно постапување и однесување


,,Тоа значи дека граѓаните почнуваат се посвесно да се борат за своите права. Имотно правните односи се област во којашто во голем дел се жалат граѓаните и за ажурност и за несоодветно постапување и однесување, секако на трето место се и казнено попрвавните и воспитно поправните установи, понатаму се полициските постапки, а по нив доаѓаат пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување, животната средина."

Интутициите незнаат колква е бројот на поединечни борци. Александар Матовски е со Даунов Синдром. Тој е целосно вклучен во редовниот школски систем и е прва година на факултет:
Од маршот на толеранцијата во Скопје

,,Ние од самиот старт на раѓањето на нашиот син си дадовме за задача да се избориме, за неговата иднина и досега сме мошне успешни. Моментално е студент на Педагошкиот факултет, прва година, а напоредно цело време е вкучен во спортски активности, член е на карате клубот Ѓорче Петров, дури почна да се занимава и со пишување поезија, има објавено збирка поезија ,,Бисери", така што во секој случај е комплетно вклучен во општеството и е дете кое што целосно, буквално целосно е социјализирано."
Ние од самиот старт на раѓањето на нашиот син си дадовме за задача да се избориме, за неговата иднина и досега сме мошне успешни


Мајката на Александар Снежана Матовска вели дека постои законска регулатива што овозможува децата со посебни потреби да бидат вклучени во редовни градинки и редовното образование, но сознанијата покажуваат дека тоа е многу повеќе врз онова дали сака директорот или кадарот кој го опслужува соодветното училиште.

,,Покрај тоа што ние бевме упорни, имавме среќа да биде вклучен во училиште каде што веќе беше како пилот проект, така што немавме поголем проблем од тој аспект, а упорноста се гледаше во времето на запишување во градинка каде што луѓето малку беа скептични, меѓутоа самите тие луѓе после тоа се вклучија во помошта да Александар оди напред."

Денешниот ден на борците за човековите права им е посветен на храбрите луѓе, оние кои се познати и оние кои на институциите не им се познати, но кои постојат и кои со својот придонес одат во насока, што значи заштита на човековите слободи.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG