Институции кои треба да се на врвот на листата на заштита за човекови права се јавуваат токму како прекршители, односно не почитувачи на правата на граѓаните, вели народниот правобранител Насер Зибери.
Долго време се одржуваше ниска цена на струјата и тоа не даваше простор за одржување на енергетските капацитети, вели проф. Ристо Филкоски од Машинскиот факултет во Скопје.
Кога нема доволно да инвестираме во инфраструктура, кога нема економијата да испорача квалитетен економски резултат, имам впечаток дека ние се фаќаме за последната сламка како давеник, а тоа е минималната плата, вели претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски.
Во Град Скопје треба да се отворат вратите за прием на нови инвестиции. Во овој момент јас мислам дека и да дојде голем инвеститор на вратите на Град Скопје, реално нема каде да ги инвестира своите средства, вели претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски.
Со покачувањето на минималната плата треба да се зголемат и останатите плати на вработените во однос на коефициентот на сложеност, вели Благоја Ралповски, претседател на Конфедерација на слободни синдикати (ККС). Ако минималната плата е 15000 денари, тогаш наставниците мора да земаат 37000 денари.
Законот за неработна недела во оваа форма нема да ги подобри правата на работниците и служи само за нивна манипулација, затоа што дава можност сите работници да работат, вели претседателот на КСС Благоја Ралповски.
Рестриктивните мерки повеќе даваат резултат, а тие значат забрана за посета на затворени простории, задолжително тестирање на трошок на оној кој не се вакцинирал... Јас ги оправдувам сите вакви мерки, коишто ќе ја зголемат стапката на вакцинација, вели доктор Александар Петличковски.
Вакцините не се прифатени со таков ентузијазам кој се очекуваше, бидејќи доказите се недвосмислени дека вакцините функционираат одлично. Во целиот свет таму каде што стапката на вакцинација е над 70 проценти нема смртни случаи поврзани со ковид-19, вели доктор Александар Петличковски.
Најдобар пример и најдобра кампања на Владата за борбата против корупцијата е нивниот личен пример и нивните политики што ги водат, така што ниедна кампања, не знам колку пари и да потрошат, не може тоа да го покрие, вели во интервју за РСЕ, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
Ние дадовме многу добро обработен предмет којшто ги содржеше буквално сите елементи и моја претпоставка е дека не им треба многу време за да ги соберат податоците, затоа што се работи за еден конкретен Детатален урбанистички план, односно да соберат една папка за планот од општината и во таа папка се содржани сите овие податоци и информации коишто се однесуваат на злоупотребата на споменатите лица во таа кривична пријава, вели во интервју за РСЕ, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
Се движиме во чекор со она што го создаваат светските симфониски оркестри, се движиме низ призмата на убавото, се движиме далеку понапред од овие времиња што нè притискаат во реалноста, вели Тина Иванова, музиколог и в.д. Директор на Филхармонија во интервју за Радио Слободна Европа.
Mузиката е движење во времето и во просторот. Не води низ непрекинлив мисловен и душевен развој. Токму затоа што не престанавме да работиме, сам се наметна слоганот на новата концертна сезона „Филхармонија во движење“, вели Тина Иванова, музиколог и в.д. Директор на Филхармонија.
Вчитај повеќе