Ралповски - „Неработна недела“ за манипулација на работниците
Законот за неработна недела во оваа форма нема да ги подобри правата на работниците и служи само за нивна манипулација, затоа што дава можност сите работници да работат. Почнавме со 32 дејности, па 38, па на крај 42, па помошни дејности, па услужни дејности за тие што треба да работат, вели претседателот на КСС Благоја Ралповски.